Археометрија

Археометрија е збир од физички и хемиски методи кои во археологијата се применуваат за одредување на староста и составот на материјалот. Опфаќа геофизички методи кои се користат за проспекција на археолошки наоѓалишта и објекти: магнетометриски мерења и мерења на електричниот отпор на погребните структури (метални предмети, материјали кои гореле, јами и ровови исполнети со органска материја, ѕидови и гробници). Потоа хемиски и геохемиски методи за одредување на составот на материјалот, како и физичко-хемиски методи за датирање.

Најголемата база за извор на врски поврзани со археометријата е ArchNet Архивирано на 16 јули 2007 г., т.е.WWW Virtual Library of Archaeology, каде можат да се најдат релевантни врски за археометријата, подредени според извори, почнувајќи од установи, области и континенти.

Проект - Македонска лабораторија за археометрија

Овој проект беше долго спреман и најавуван. Носител е Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во моментов работат со еден од најновите модели на инструменти т.н. микрорамански спектрометар, со чија помош може да се анализираат пигменти користени во средновековното фрескосликарство, како и неолитска и византиска керамика.


Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya