Органска материјаОрганска материја или органски материјал — материја создадена од јаглеродни соединенија, присутна во различни средини, било природни, вештачки, копнени или водни. Оваа материја е сочинета од органски соединенија која потекнува од ниекогаш живите организми како растенија и животни.[1] Органските молекули можат да се добијат со хемиски реакции во кои живите суштества немаат улога.[2] Основните структури се создаваат од целулоза, танин, кутин и лигнин, заедно со разни други белковини, липиди и јаглехидрати. Органската материја е многу важна во движењето на хранливи материи во околината и има улога во задршка на водата на Земјината површина.[3] НастанокЖивите организми се сочинети од органски соединенија. Додека се живи, тие лачат или исфрлаат органски материјал во нивната животна средина, ослободуваат делови од телото како листови и корења и, по нивната смрт, нивните тела се разградуваат под дејство на бактерии и габи. Поголемите молекули на органска материја можат да се добијат од полимеризација на различни делови на веќе разградена материја. Составот на природната органска материја зависи од нејзиното потекло, начинот на преобразба, староста и постоечката околина, па така нејзините био-физиохемиски функции се разликуваат од една околина до друга.[4] Природни функции во екосистемотОрганските материи се мошне присутни во екосистемот и кружи во процеси на разградување од микробните заедници во почвата кои се од суштинска важност за расположливоста на хранливите материи.[5] откако ќе се распадне и ќе претрпи реакција, материјата преоѓа во почвата и водените текови. Органските материи се храна за живите организми. Тие делуваат како пуфер во воден раствор одржувајќи неутрална pH-вредност во средината. Оваа пуферна составница може да игра улога во неутрализацијата на кисели долждови.[6] Кружење на изворитеНекои органски материи доаѓаат од подземни води. Кога подземната вода ќе ја заситеи почвата или лежиштата околу неа, органската материја конечно може да се се премести. Подземните води имаат свои извори на природни органски материи како што се:
Организмите се разложуваат на органска материја, која потоа се пренесува и рециклира. Не сета биомаса се пренесува; некои се прилично неподвижни, и им требаат милиони години да искружат.[8] Органска материја во почватаОрганската материја во почвата води потекло од растенија, животни и микроорганизми. На пример, во шумите, паднатите лисја и гранки паѓаат на шумската почва. Ова понекогаш се нарекува органски материјал.[9] Кога ќе се распадне до степен на непрепознатливост, тогаш се нарекува органска материја. Кога органската материја ќе се разгради во стабилна супстанција што повеќе не се разградува, го добива името хумус. Така, органските материи на почвата се состои од сите нејзини органски материи без нераспаднатиот материјал.[10] Важно својство на органските материи во почвата е фактот што ја подобрува нејзината способност да чува вода и хранливи материи, и овозможува нивно бавно ослободување, а со тоа подобри услови за раст на растенијата. Друга предност на хумусот е тоа што ја прави почвата полеплива, што им овозможува на цевчестите црви или микрископските бактерии лесно да ги разградат хранливите материи во почвата.[11] Постојат неколку начини за брзо зголемување на количеството на хумус. Ако во почвата смешаме компост, растителни или животински материјали/отпад или зелено, добиваме похумусна почва.
Овие три материјали им даваат на храна на цвчестите црви и бактерии, што значи дека тие можат да произведат повеќе хумус, притоа давајќи им на растенијата доволно хранливи состојки за да опстанат и да растат.[11] РазградувањеЕдна прикладна дефиниција за органска материја е биолошки материјал во фаза на распад или разградување, како хумусот. Ако погледнеме поблиску, материјалот има органски соединенија (биолошки молекули) кои се во процес на распад. Главниите процеси на распад на почвените молекули се бактериската или габичната ензимска катализа. Доколку не би постоеле бактериите и габите, процесот на разградување би се одвивал многу побавно. Органска хемијаПри анализата на органските материи, се мерат количествата на органски соединенија или јаглерод, и со тоа се добива само приближна слика за степенот на некогаш живата или разградувачка материја. Според некои дефиниции, поимот „органска материја“ се однесува само на јаглеродната содржина, или органски соединенија, и не го земаат предвид потеклото на разградувањето на материјата. Во оваа смисла, не сите органски соединенија се создадени од живи организми, а живите организми зад себе не оставаат само органски материјал. На пример, черупката на една школка, иако е биотско потекло, не содржи многу органски јаглерод, па така не би се сметала за органска материја во таа смисла. Обратно на ова, уреата е едно од многуте органски соединенија кои можат да се добијат вештачки без никаква биолошка активност. Органските материи се разнородни и многу сложени. По тежина, органските материи начелно го имаат следниов состав:[6] Молекулските тежини на овие соединенија можат драстично да разликуваат, зависно од тоа дали полимеризираат, од 200, па сè до 20.000 u. До една третина од присутниот јаглерод е во ароматични соединенија каде јаглеродните атоми градат шестчлени прстени. Овие прстени се многу стабилни поради резонантната стабилизација, и тешко се разградуваат. Ароматичните прстени исто така се подложни на електрофилен и нуклеофилен напад од други електронодавни или електроноприфатни матеирјали, што ја објаснува можната полимеризација со која се создаваат поголеми молекули на органска материја. There are also reactions that occur with organic matter and other material in the soil to create compounds never seen before. Unfortunately, it is very difficult to characterize these because so little is known about natural organic matter in the first place. Research is currently being done to figure out more about these new compounds and how many of them are being formed.[12] Во водни срединиВодните органски материи можат да се поделат на два дела: (1) растворена органска материја (DOM), која се мери како обоена растворена органска материја (CDOM) или растворен органски јаглерод (DOC), и (2) честична органска материја (POM). Овие обично се разликуваат по тоа што едните можат да поминат низ 0,45-микрометарски филтер (DOM), а другите не можат (POM). Утврдување на присуствоОрганските материи играат важна улога во водата за пиење и обработката на отпадна вода и рециклирање, природните водни екосистеми, рибникарството и околинската рехабилитација. Затоа е важно да се имаат поуздани начини на пронапѓање и карактеризација, како за краторочнен, така и за долгорочен надзор. Веќе подолго време постојат разни аналитички методи на испитување на органски материи во водата, нивно опишување и карактеризација. Меѓу нив се вбројуваат: вкупен и растворен органски јаглерод, масена спектрометрија, спектроскопија со јадрена магнетна резонанција (NMR), инфрацрвена спектроскопија, ултравиолетово-видлива спектроскопија и флуоресцентна спектроскопија. Секој од овие методи има свои предности и недостатоци. Пречистување на водатаИстата способност на природната органска материја што помага во задршка на вода во почвата создава проблеми во пречистувањето на водата. Во вода, органските материи можат да се сврзат за метални јони и минерали. Овие сврзани молекули не секогаш се задржуваат во процесот на пречистување, но не се шетни по луѓето, животните и растенијата. Меѓутоа, поради големата реактивност на органските материи, се создаваат нуспроизводи што не содржат хранливи материи. Овие нуспроизводи можат да предизвикаат обраснување, кои ги затнуваат филтрите за вода во пречистителните станици бидејќи се поголеми. Затнувањето се отстранува со хлорирање, кое го разградува остаточниот материјал што предизвикува затнување. Меѓутоа, хлорирањето може да создаде дезинфекциски нуспроизводи.[12] Водата со органски материи може да се дезинфицира со радикални реакции поттикнати со озон. Озонот (три кислороди) има многу силни оксидациски својства. Може да образува хидроксилни радикали (OH) при разградување, кои реагираат со орагнската материја за да го спречат обраснувањето.[13] ВитализамПоистоветувањето на органскките со живите организми потекнува од денес напуштената идеја наречена витализам, посред која само посебна органските супстанции може да се создат само под дејство на посебна „животна сила“. Идејата првпат е ставена под прашање откако Фридрих Велер добил уреа по вештачки пат во 1828 г. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia