Атанасие Иванов

Атанасие Иванов
Роден(а)24 март 1883
Алексово, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал(а)11 април 1973(1973-04-11) (возр. 90)
Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Познат(а) попосветеноста кон и придонесот во развојот на католицизмот од источен обред во Македонија
ДецаТомо Иванов, Марија Иванова мажена Јакимовска, Параскева Иванова мажена Илиева
РодителиЛазар Иванов с. Рајаново, Кукуш

Атанасие Иванов (или Атанас Иванов) ― католички свештеник од источен обред и парох и основач на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.[1]

Биографија

Атанасие (Атанас, Атанасиј) Иванов бил роден на 24 март 1883 година во унијатско семејство во село Алексово, Кукушко, во тогашната Отоманска Империја. Во Солун завршил три години богословско училиште и на 2 јули 1910 година, владиката Епифанј Шанов го ракоположил за свештеник и бил поставен за управител на црквата „Свети Антониј“ во село Лелово.[1]

За време на Втората балканска војна, во јули 1913 година, кога грчката војска упаднала во градот Кукуш, тој, зедно со неговото семејство и група верници од источно католичка вероисповед избегале од Кукушко кон Софија, каде биле згрижени од бугарскиот архиепоскоп Роберт Менини, во месното католичко училиште.[2] Бидејќи најголемиот дел од неговите верници се преселиле кон Струмичко, на 10 март 1914 година, тој се преселил во селото Нова Маала, каде ја основал парохијата при црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

На 18 јануари 1923 година, тој се преселил во Струмица, а на 29 јули 1924 година, тогашниот владика на крижевската епархија Дионизиј Њаради, со декрет број 849, отец Атанасие Иванов го именувал за водител на источно католичката заедница во Струмица.[1] Таа година, литургиите ги служел во мала капела во неговиот дом, сè до почетокот на 1925 година, кога завршила изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Прв парох во оваа ено­рија бил отец Атанасие Иванов, кого на 2 февруари 1962 година, деканот на Деканатот „Св. Кирил и Методиј“, бискупот д-р Габриел Букатко,[3] титуларен бискуп на Северијана,[4] го именувал за парох и декан во Струмица, на која положба останал до својата смрт на 11 април 1973 година.[5]

Истовремено бискупот побарал од Светата Столица да му додели почесна титула Монсињор на отец Атанасие Иванов, што Ватикан го потврдил на 23 декември 1962 година.[6]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Католичка катедрала "Успение на Пресвета Богородица" - Струмица“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2021-04-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Елдъров, Светлозар. „Католиците в България - Историческо изследване“ (PDF). Посетено на 13.04.2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Католичка хиерархија
  4. Католичка хиерархија, Северијана
  5. Историско-правен развој на Католичката Црква од Византиско-Словенски обред во Македонија. 1995. На |first= му недостасува |last= (help)
  6. „Acta Apostolicae Sedis 54“ (PDF).
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya