Солунски Вилает
Солунски вилает (османски турски: ولايت سلانيك, Vilâyet-i Selânik) — управна единица во Отоманското Царство, основана во јуни 1867 година, со центар во Солун. Постоел во периодот од 1867 до 1912 г. НаселениеВо 1885 година во него живееле околу еден милион жители, од кои 51% биле муслимани, 45% христијани и околу 4% Евреи. Според Васил Иванов К’нчов Солунскиот вилает имал 1 164 539 жители. Од нив 454 180 души биле христијани [белешка 1] , 97 620 муслимани, 311 103 муслимани, 1987 Черкези, 153 821 христијани, 920 Власи - муслимани, 28 949 Власи, 59 940 Евреи, 34 098 Роми и 20 710 разни [3]. Врз основа на овие податоци, македонските историчари заклучиле дека во Солунскиот вилает живееле 551 800 Македонци [4][белешка 2]. Од нив 454 000 биле христијани, а 97 620 биле муслимани. Административна поделбаВо почетокот бил составен од санџаците: Солун, Трикала, Сер и Драма. сè до формирањето на Битолскиот (1873) и Косовскиот (Скопскиот) вилает (1877), во негов состав повремено влегувале и санџаците: Битола, Дебар, Елбасан и Скопје. Во последната деценија на 19 век, Солунскиот вилает ја опфаќал јужна и источна Македонија и се состоел од три санџаци: Солун, Сер и Драма и 26 кази. Во состав на санџакот Солун влегувале вкупно 14 кази:
Санџакот Сер бил составен од 8 кази:
Санџакот Драма бил составен од 4 кази: Белешки
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia