Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 10 километри североисточно Коркутово на планината Круша на Пејкова река. Селото се наоѓа на надморска височина од 510 метри.
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 475 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 283 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна. По 1919 година, голем дел од унијатското население заминале во Бугарија, каде го основале селото Ново Делчево[8].
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Агиос Андониос.[9]. Името на селото доаѓа од истоименото име во Мала Азија, од каде се населиле грчките бегалци по Лозанскиот договор.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 208 жители беалци.[10], додека во 1940 година селото броело 416 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година броело 154 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 125 жители, во 1981 година имало 117 жители, додека во 1991 година имало 124 жители[11]. Денеска, населението на селото е 149 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
416
154
125
117
935
124
149
—
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
Во 1880 година, во селото била изградена црквата „Св. Антониј“, која од 30 јануари1985 година била прогласена за историски споменик[12].