Атанас Џолев
Атанас Христов Џолев – Насо — македонски револуционер, четник во ВМРО (Автономистичка). ЖивотописРоден е во 1898 година во село Моноспитово, Струмичко, во семејство на земјоделци.[1] Татко му Христо Џолев и дедо му Велко Џолев се ВМОРО револуционери. Завршува седми клас и во револуционерното дело се вклучува како член на селската милиција на ВМРО, а во 1923 година пребегнува во Бугарија. Таму е четник во четата на Георги В‘ндев, а по препорака на Александар Василев - Алеко пашата, тој е назначен и за секретар на Штерју Влахов. МемоариМеморите на Атанас Џолев, не се пишувани во Софија, туку истите се пишувани во Струмица во зимата 1973/74 година во старата куќа на Атанас Џолев на ул. „Тошо Арсов“ бр. 10. Меморите се пишувани на машина за пишување од страна на Борис Караманов, сопруг на неговата внука Василка Караманова, додека Атанас Џолев директно ги диктирал настаните. Еден примерок од мемоарите е даден на Борислав Мицков, професор на педагошка академија во Штип и син на Ристо Мицков со кој Атанас Џолев ја отслужувал доживотната робија во затворот во Софија. Објавување![]() На 8 ноември 1997 година, мемоарите на Џолев под работен наслов „Последната исповед на Атанас Џолев“, со тврдења дека истите се пишувани во Софија, се објавени во дневниот весник „Нова Македонија“, уредувани од страна на Зоран Тодоровски. Веднаш по нивното излегување, внуката на Атанас Џолев, излегува со демант во „Нова Македонија“, во кој ги негира околностите на пишување на мемоарите. Закажена е средба меѓу Василка Караманова и Зоран Тодоровски, но средбата никогаш не се остварила. Предавање на мемоарите![]() На 21 јули 2010 година, оригиналот на мемоарите биле предадени во Историски архив на Македонија - Струмица, од страна на Борис Караманов. Во спомените, Атанас Џолев јасно ја нагласува својата македонска национална свест.
Цитати од фељтоните издадени во Нова Македонија
Надворешни врскиНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia