Штерју Влахов
Штерју Влахов, со псевдоним Сербезов, ( 1884 во Просеник, Серско — 15 септември 1924 во Припечене, Петричко) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. Заедно со Динчо Вретенаров, тој е еден од физичките убијци на Тодор Александров. ЖивотописВлахов е роден во 1884 година во Просеник, тогаш во Отоманското Царство. Учествува како доброволец во Македонско-одринското ополчение во текот на Балканските војни во четата на Георги Занков, во 1 чета при 11 серска дружина и здружената партизанска чета на МОО. По 1919 година учествува во обновата на ВМРО во Петричко. Станува околиски војвода во Горноџумајско, но влегува во конфликт со претседателот на околиското окружно тело Аргир Манасиев и Михаил Монев блиски до Тодор Александров.[1] Влахов отворено зборува против убиствата на комунистите и војводата Стефан во 1923 година по наредба на Михаил Монев, кој, пак, го обвинил Влахов за шпионажа во корист на комунистите. Кон крајот на август 1924 година Влахов и Динчо Вретенаров го извршиле убиството на Тодор Александров на Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на Алеко Василев и Георги Атанасов, а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штерју Влахов да биде елиминиран без пресуда [2]. По убиството, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се кријат во колиба во Препечен сè до почетокот на Горноџумајските настани. Во тоа време четата на Влахов, на чело со секретарот Атанас Џолев се наоѓа во Горна Џумаја. На 15 сепетмври, Влахов и Вретенаров биле опколени од четата на Милан Постоларски, дошло до вооружена претрелка по што куќата во кој се криеле била запалена, за да не паднат живи се самоубиле. Штерју се самоубил со истрел во устата, а Вретенаров се разнел со бомба. Нивните тела не биле закопани туку фрлени во реката Струма [3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia