Афроевроазија![]() Афроевроазија[1] или Африка-Евроазија (поретко: Афразија[2] или Евроафразија[2]) ја означува најголемата копнена површина на светот. Честопати се смета за суперконтинент, составен од Африка и Евроазија (која пак се дели на Азија и Европа). Копнените површини на оваа целина зафаќаат 84.980.532 квадратни километри и имаат население од околу 5,7 милијарди жители (85% од светското население).[3] Ова подрачје е познато и како „Стариот Свет“, наспроти подоцна откриените предели како Америка и Океанија, кои се нарекуваат „Нов Свет“. Копнена Афроевроазија понекогаш се нарекува и „Светски Остров“. Творец на оваа замисла е англискиот географ Хелфорд Мекиндер, кој ја изложил во неговото дело „Географскиот стожер на историјата“ (англ. The Geographical Pivot of History).[4] Во ова поимување на влегуваат околните острови и архипелази. ГеологијаГеолошки гледано, се очекува Афроевроазија да стане суперконтинент кога Африка ќе се спои со Европа. Се проценува дека ова ќе се случи за 600.000 години, кога јужниот крај на Шпанија ќе се состави со Африка. По ова, Средоземното Море ќе биде отсечено од Атлантскиот Океан. Се смета дека Африка сосема ќе се спои со европа за нешто повеќе од 50 милиони години, затворајќи го Средоземното Море, и со тоа создавајќи нови планински венци.[5] ПоделбаСуецкиот Канал ја дели Афроевроазија на Африка и Евроазија, која пак се состои од два континента: Европа и Азија. Од културно-историски аспект, овој суперконтинент може да се подели на Евроазија-Северна Африка и Потсахарска Африка .[6] Географски областиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia