Западна Африка![]() Западна Африка е регион во Африка кој ја зафаќа територијата меѓу приморјето на Гвинејскиот Залив и јужните делови на пустината Сахара и од Камерунските Планини на исток до Атлантскиот Океан на запад.[1] Релјефот во Западна Африка е претежно низински, со незначителни територии под висорамнини и планини.[1] Климата во Западна Африка е екваторска и тропска, со големи количества врнежи.[1] Најпознати реки се Нигер, Волта, Сенегал, Гамбија и други.[1] Овој регион се нарекува уште и Гвинејска Африка; името го добил поради тоа што излегува на Гвинејскиот залив. ДржавиНа територијата на Западна Африка се наоѓаат следниве држави: Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Гана, Зелен ’Рт, Либерија, Мали, Нигер, Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне и Того.[2]
Население и стопанствоСе забележува дека Западна Африка зафаќа помалку од една петтина од површината на Африка, или 5,2 милиони км2, но на неа живее една третина од населението во Африка односно околу 287 милиони жители. Со најмногу население се одликува Нигерија. Населението претежно се занимава со земјоделство и со сточарство. Најзастапени земјоделски култури се кафе, какао, пченка, банани, кикирики, маслодајни палми, шеќерна трска и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат говеда, кози и овци.[1] Земјите од Западна Африка поседуваат и разни рудни богатства: железо, бакар, злато, алуминиум, олово, цинк, нафта и дијаманти.[1] Индустријата е во постојан развој. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
БиблиографијаБлагоја Маркоски, Географија за 8 одделение за осумгодишното основно образование, Министерство за образование и наука на Република Македонија. 978-608-4575-86-3
|
Portal di Ensiklopedia Dunia