Барбарас (превој)
Барбарас или Станко Крувче — планински превој во западниот дел на Македонија, кој ги поврзува Бушева Планина на запад и планината Даутица на исток, а ги раздвојува областа Порече на северозапад и котлината Пелагонија на југоисток.[1] Во непосредна близина на превојот се наоѓаат остатоци од истоименото историско село. Најблиски градови до превојот се Македонски Брод и Прилеп. Преминот е отворен за сообраќај преку целата година и се смета за прометен, посебно за камиони. ИсторијаОвој пат се кроистел уште во антиката како најсеверен приод кон античката македонска област Пелагонија која што била најмногу на удар на северните балкански племиња. Самиот премин бил набљудуван од повеќе стратешки високи градови како Колобаиса и Пелагон. Во средниот век неговата важност уште повеќе се зголемила за што сведочи поминувањето на странските војски кон Палестина за време на крстоносните походи. Според една легенда, низ преминот поминал и светиот римски цар Фридрих I Барбароса по кого што и превојот и поранешното село Барбарос го носат името. Кажувањата на месното население одат дури дотаму што тврдат дека телото на Фридрих I се чувало во пештерата Пешна, кога крстоносците го враќале од Палестина кон Германија. Во времето на Отоманска Македонија, преминот имал важност на дервен каде што се контролирало движењето на населението и се проверувала стоката што се превезувала. ПристапДо превојот се стигнува од две страни:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia