Шкртец

Поглед на превојот Шкртец
Поглед на превојот Шкртец и Бачилско Езеро

Шкртец — високопланински превој на планината Кораб во западна Македонија. Превојот Шкртец е висок 2.020 метри надморска височина и ги поврзува средишниот и јужниот дел на планината Кораб.[1] Се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Кораб, а по него води и македонско-албанската државна граница. Ги поврзува врвот Шупла Стена на север и Плоча на југ.

Наводи

  1. Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya