Селото се наоѓа во областа Порече, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 8,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 770 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари.[2]
Историја
Во XIX век, Суводол било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Соходол се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[7]
Суводол е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 123 жители, а во 1994 година 188 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Суводол имало 207 жители, сите Македонци.[8] Во Суводол се бележи благо зголемување на бројот на жителите, благодарение на близината со градот Македонски Брод.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 197 жители, од кои 191 Македонец, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1926 година, родови во Суводол се:
Доселеници:Колимагаровци (6 к.) најголем род во селото. Потекнуваат од двајца браќа кои дошле како робови од Русија, тука тие пораснале служејќи му на шеикот. Пред смртта шеикот ги викнал и им рекол дека бил задоволен со нив, па пред смртта сакал да ги осигура. И ги прашал каде би сакале да се населат, а тие му одговориле дека со задоволство би се населиле на Барбарешка Река, и така тие го основаат Суводол; Карлуковци (1 к.), Србиновци (2 к.) и Близнаковци (1 к.), доселени се од блиското сега раселено село Барбарос.[14]
Општествени установи
Поглед кон подрачното основно училиштеГлавната селска црква „Св. Никола“, изградена во 1967 година
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суводол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Суводол се наоѓале селата Брод, Грешница, Девич, Дреново, Латово, Сланско и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 ноември 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)