Берингово Море

Карта на Беринговото Море

Беринговоро Море е најсеверното рабно море во Тихи Океан, кое го соединува со Северноледен Океан на север преку Берингов Проток. На југ ова море е порабено со лак од вулкански острови, Алеутски Острови. На југозапад морското дно е раздвоено со гребени на три басени. Беринговото Море има сурова клима, а зиме неговиот северозападен дел е покриен со лед. Меѓутоа, тоа е многу продуктивно во биолошка смисла, а нагло обилно растење на планктонот се случува двапати годишно. Со планктонот се хранат голем број риби и цицачи, како морската видра, а на континенталниот подводен гребен на североисток и многу безрбетници како мекотелите, морските ѕвезди и сунѓерите.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya