Миртилово Море

Миртилово Море на картата на Стара Грција

Миртилово Море (грчки: Mυρτώο Πέλαγος, Myrtoo Pelagos, грчки изговор: [miɾto.o pelaɣos]), исто така напишано како Миртоанско Море, е под-поделба на Средоземното Море што лежи помеѓу Кикладите и Пелопонез. Опишано е како дел од Егејското Море јужно од Еубоја, Атика и Арголис. Дел од водената маса на Црното Море го достигнува Миртиловото Море, преку транспортот низ Егејското Море. (Сендри, Хоган и Баум 2011).

Саронскиот Залив и Атинскиот залив лежат помеѓу Коринтскиот канал и Миртиловото Море.

Се вели дека било именувано според митскиот јунак Миртил, кој бил фрлен во морето од бесниот Пелопс. Името е исто така поврзано и со она на девицата Мирта. Исто така, се вели дека го добило името по еден мал остров по име Миртас.

37°N 24°E / 37°N 24°E / 37; 24

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya