Графика![]() Графика (γραφω; пишувам, гребам) е една од ликовните дисциплини. Нејзините основни изразни средства се: линијата, површина, густината на бојата. Главниот и основен принцип во графиката е балансот помеѓу црното и белото. Графиката може да биде и во боја, но сепак, акцентот не е во колоритот како во сликарството. Изразните мотиви и претстави во графиката се со истиот опсег и содржина како и во останатите ликовни техники. ИсторијаПочетоците на графиката датираат уште од палеолитот забележани во првобитните живеалишта - пештерите. Вистински процут на графиката во Европа доживува во средниот век. Најзначајните графички уметнички дела се откриваат во творештвото на: Албрехт Дирер, Петер Паул Рубенс, Рембрант Херменсон ван Рајн, а подоцна кај Франциско Хосе де Гоја, Оноре Домје, Анри де Тулуз-Лотрек, Винсент ван Гог, Пабло Пикасо. Денес, графиката е меѓу позначајните ликовни медиуми, која по постапката и начинот на реализацијата се развива во најразлични изразни и технолошки форми. На Исток, особено во Кина и Јапонија графиката има многу подолга традиција. Првите печатени дела во Кина датираат од крајот на 2 век. Изработката на графиката во овие две земји е донесена до совршенство, особено со педантноста, студиозноста, прецизноста и сложената занаетчиска постапка која обединува и печатење на графики во боја. Видови на графикиПоделбата на графиките, зависи од начинот на нивното печатење како и техниката и технологијата за нејзиното реализирање. Во суштина постојат три методи за реализација на графичкото дело: Техника на висок печатОваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата. Техника на длабок печатОваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја, а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
Техника на рамен печатТехниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча. Галерија![]() ![]() Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia