Просечното билбилче е долго 12-13 см, со распон на крилјата од 21-25 см и тежина од 14 до 19 грама. Половите се во голема мерка слични, со црвено лице, црна и бела глава, топла кафеава боја на горните делови, бели одоздола, со окер делови на слабините и градите, и црни и жолти крилја. Мажјаците имаат малку потемна црвена маска на лицето која се протега веднаш зад окото, а кај женките таа не допира до окото. Клунот е со боја на слонова коска, долг и заострен, а опашката е чаталеста.
Возрасните во сезона на размножување имаат бел клун, а сивкава или црна точка на врвот во останатиот дел од годината. Младенчињата имаат обична глава и сивкав грб, но се непогрешливи поради жолтите шари на крилјата. Птиците во Средна Азија (caniceps групата) имаат обиченна светла глава зад црвеното лице, без црно и бело на главата како европските и западноазиските птици.[9][10]
Распространетост и живеалиште
Природната распространетост на птицата е Европа, Северна Африка, и западна и средна Азија. Се среќава во отворена, делумно пошумена земја и е постојан жител во поблагите делови, западно од својот опсег, но се доселува таму од постудените региони. Може да се случи да направи локални движења за да избегне лоши временски услови.
Од Европа, билбилчето е населено во многу области на светот.[11] Во 19 век е воведен во многу области на југоисточна
Австралија и веднаш се одомаќинил и проширил.[12]
Поведение
Гнездо со јајца
Оваа птица најмногу сака да јаде мали семиња од разни трње, но се храни и со инсекти кога ги одгледува младенчињата. Јаде од понудената храна од луѓето преку зима.
Гнезди во надворешните гранки на високите лиснати дрвја, или дури и во бамбус, каде снесува 5-6 јајца, што ќе се изведат по 11-14 дена.
Во зима, се собираат во групи формирајќи јато кое брои над 40 птици.
Песната на билбилчето е пријатно нежно чрчорење. Повикот е мелодично тикеЛИТ и песната е пријатен ѕвонлив сплет на треперења и чрчорења, но секогаш вклучувајќи ја и трисилабичната фраза или тиЛИТ-тиЛИТ-тиЛИТ.
Во минатото овие птици ги чувале во кафез заради нивното пеење. Бегањето од заробеништво, како и намерното пуштање доведе до колонизација на југоисточниот дел на Австралија и Нов Зеланд.
Овие птици се привлечени во дворовите на куќите во Европа и Северна Америка од хранилките за птици во кои ставаат висококвалетни, хранливи семиња.
Односи со луѓето
Carduelis carduelis caniceps во кафез
Билбилчињата се чуваат во кафез заради нивниот убав изглед и пријатно пеење. Понекогаш луѓето мажјакот го вкрстуваат со женка од семејството на канаринците за да направат птица со најубави пејачки способности.
Бидејќи ги јаде семињата од трњето, во христијанската симболика тој е поврзан со круната од трње на Исус Христос. Билбилчето се појавува на слики со Богородица и младиот Исус, претставувајќи го како презнаењето што го имале тие за распнувањето. Таква е сликата на РафаелMadonna del cardellino или Богородица Билбилска, насликана 1505-1506 г. во која Јован Крстител му го подава билбилчето на Исус како предупредување за неговата иднина.
Во сликата на Федерико Барочи Светото семејство, билбилчето го држи Јован Крстител надвор од дофатот на заинтересираната мачка.
Во сликата, пак, на Чима да Конелијано Мадона и дете, билбилчето мавта во раката на детето Христос.
Билбилчето, исто така, симболизира издржливост, плодност и упорност. Затоа што тоа симболизира страст, се смета за "спасител" и може да се наслика со мува (која означува грев и болест).[13] Билбилчето се поврзува и со свети Јероним (преведувачот на Библијата од 4 век), и се појавува во некои негови претстави.[13]
Антонио Вивалди компонирал концерт во д-дур за флејта "Il Gardellino" (Р.В. 428, Оп 10 бр 3), каде што појот на билбилчето се имитира од страна на флејтата.
Билбилчето како мотив во уметноста
„Лов на штиглици“ - краток расказ на македонскиот писател Петко Дабески.[14]
↑Zamora, Jorge; Lowy E, Ruiz-del-Valle V, Moscoso J, Serrano-Vela JI, Rivero-de-Aguilar J, Arnaiz-Villena A (2006). „Rhodopechys obsoleta (desert finch): a pale ancestor of greenfinches according to molecular phylogeny“. J Ornithol. 147 (3): 448–56. doi:10.1007/s10336-005-0036-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 74.