Бистрица (Албанија)
![]() Вистрица (албански: Bistricë) — река во југозападна Албанија со должина од 25 км. Претставува единствената река во земјата што се влева во Јонското, наместо во Јадранското Море. ГеографијаРеката почнува од планината Сопот (Ѓера) кај Фојник (Финиќ). Главниот извор е Сино Око (Syri i Kaltër) кај с. Кронги, но водата се собира и од изворите кај блиските села Печа, Гардикак, Велјахово и други.[1] Минува низ подрачјата на Месопотам и Фојник, долж патот Саранда - Ѓирокастро. Првобитно, реката се влевала во Бутринтското Езеро, кое е поврзано со Јанското Море преку каналот Вивари, но во 1958 г. е пренасочена кон каналот Чука. Стопанство и туризамРеката не е пловна, но во 60-тите години на XX век на неа е изградено вештачкото Бистричко Езеро (Liqeni i Bistricës) со три хидроцентрали.[2] Во извесна мер,а водата се користи и за наводнување на полињата на блиското село Кенурио (Вург). Капацитетите се приватизирани во 2010 г., проследено со многу контроверзии.[3][4]
Поврзано
Извори
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia