Бистрица (Пиринско)
Бистрица (бугарски: Бистрица) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2] ИсторијаОтоманско ЦарствоЦрквата „Свети Ѓорѓи“ датира од 1861 година, а „Свети Јован“ во областа Дубово - од 1872 година.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1540 жители, од кои 1300 Македонци и 240 Власи.[4][5] На полноќ на 24-25 септември 1902 година, во присуство на Врховниот револуционерен совет, Врховниот комитет и 150 милиционери, во долната црква во Бистрица со молитва започнало Горноџумајското востание. На 19 и 20 октомври 1902 година, за време на востанието, во селото се водела големата битка при Бистрица. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[6] БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Географија и местоположбаСелото Бистрица се наоѓа во планинска област, на 9 километри источно од Благоевград. Се состои од 42 села и подсела. Некои од нив се: Дренови, Арабаџии, Шоповци, Георгивци, Ризовци, Милово, Серезли, Брезово, Широканти, Бракаданци, Дабово, Чепарковци, Тренчовци, Каменарци. Низ селото минува реката Бистрица. СтопанствоАтарот на селото зафаќа површина од 171.5км². НаселениеСпоред пописот од 2021 година, селото имало 79 жители, со густина на населеност од 0.4606км². Во пописот од 2011 година имало 90 жители, што значи дека во текот на една деценија има стапка на пад на население од -1.2%.[7]
Самоуправа и политикаПоштенски код на селото е 2724. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia