Лешко е планинско село, сместено на надморска височина од 591 метар, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 16 километри југозападно од Горна Џумаја.
Во XIX век Лешко е големо македонско[2] село во рамките на Горноџумајската каза на Серскиот санџак. Во 1816 година во селото е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“. Според месното население, ктитор на црквата е извесен Стојан - лешковец, којшто се јавувал како ктитор на новата црква, откакот старата „Света Богородица“ била срушена.[3]
Лешко, големо село на три часа од Горна Џумаја. Почвата тука е плодородна и богато ги наградува работниците. Има бугарска црква и училиште, со 1 учител и 30 ученици; 300 куќи.[4]
Во Лешко функционира комитет на ВМОРО и селото во организацијата е познато како „Републиката на Чернопеев“. Кон крајор на 1909 година комитетот на Лешко бил обновен од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов.[6]
Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 година[7]
Класови
Ученици
Учители
Учителки
момчиња
девојчиња
вкупно
редовни
хонорарни
вкупно
редовни
хонорарни
вкупно
прв
20
8
28
1
0
1
2
1
3
втор
15
4
19
трет
8
0
8
Стопанство
Демографија
Според последниот попис од 2011 година, во селото имало 197 жители, запишани како Бугари.[2][8]
На табелата е прикажан бројот на населението во Лешко за периодот 1946-2011:[9]
↑Стоилов, А. П (1922). Един ферман за строеж на цѫрква во: Bulletin du Museé national d'ethnographie de Sofia, том II. Народен етнографски музей в София. стр. 84.