Битка кај Лас Навас де Толоса
Битката кај Лас Навас де Толоса се одвила на 16 јули 1212 година и претставува важна пресвртница во Реконквиста како и во средновековната историја на Шпанија.[2] Во текот пред битката, силите на кралот Алфонсо VIII од Кастиља се придружиле на армиите на неговите доскорешни христијанска соперници, Санчо VII од Навара, Педро II од Арагон и Алфонсо II на Португалија во битка против Берберските алмохадски муслимански владетели на јужниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Оваа битка завршила со катастрофален пораз над муслиманските војски и се претпоставува дека жртвите на нивна страна биле околу 100.000. По поразот, напредувањето на муслиманите било спречено, додека Реконквистата да заврши во 1492 година, кога муслиманите биле целосно протерени од полуостровот. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia