Благоја Тапарчев![]() Благоја Нешов Тапарчев ( 1923 во Чучер — 16 април 1945 во Будровци)[1] — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2] ЖивотописПотекнувал од многу сиромашно семејство. Откако го завршил основното училиште, се занимавал со земјоделство. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во овој крај, на 21 септември 1944 година стапил во третата чета на првиот баталјон на истата. Честопати доброволно учествувал во акциите против балистите и германските моторизирани колони, што се повлекувале низ Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија со Бригадата заминал за Војводина, каде учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал на 16 април 1945 година во една битка за ослободување на Будровци. Посмртните останки му биле пренесени ѝ закопани во родното село.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia