Благоја Чешларов
Благоја Чешларов (Штип, 1 март 1933 - Белград, 19 ноември 1985) ― југословенски-македонски трубач, музички педагог, продуцент. ЖивотописРан живот и образованиеБлагоја Чешларов бил роден на 1 март 1933 година во Штип.[1] Основното училиште го завршил во Штип, додека средно образование стекнал во Средното музичко училиште во Скопје. Потоа се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје. КариераВо 1960-тите години работел како наставник во ОУ „Владимир Илич Ленин“. Тој е еден е од основачите на забавниот (танцов) оркестар при македонското Радио Скопје заедно со Драган Ѓаконовски-Шпато, Ладислав Палфи. Подоцна станал прва труба на танцовиот оркестар на Радиото до средината на 1970-тите година кога преминал во новосоздадената музичка продукција при истото радио. Потоа бил главен уредник и продуцент на музичката продукција при Радио Скопје.[2] Во 1976 година е главен сновач е на вокално-инструменталниот состав „Македонија“, во тоа време составен од познатите македонски пејачи и студиски музичари меѓу кои како вокали: Панче и Невена Кочовски, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Попанкова, Кирчо Поп Лазаров; како инструменталисти: Крсто Таушанов, Марио Липша, Радослав Шутевски, Драган Вучиќ, Томе, Бошко Во 1980 година бил директор на тогаш престижниот Опатиски фестивал како претставник на македонската Радио-телевизија. СмртПочинал во Белград на 19 ноември 1985 година.[3][1] Дискографија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia