Благој Маротов
Благој Маротов (р. 10 ноември 1960 во Скопје) — македонски музичар, бас гитарист и пејач. ЖивотописБлагој-Блаж Маротов веќе половина век е присутен на македонската музичка сцена. Тој учествуваше на „Златно славејче“, а потоа следеше школувањето и првите настапи во оркестрите на МРТВ. Завршил Музичка академија во Скопје, а долги години работи како професор во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, каде што предава Контрабас. Повеќе од 15 години свирел со Македонската филхармонија, а како член на разни оркестри, чест гостин е на програмите на националните телевизии. Бил дел од оркестарот на музичките емисиите на Телевизија Алфа "Еден бакнеш", каде оркестарот бил под негово водство и "Зајди зајди". Настапува и како соло пејач, но и во „Дуо Маротов“, со сопругата Јуле Маротова. Во 2015 година, учествуваше на Балканското музичкото шоу "Никогаш не е доцна". Во 2025 година, одржа свој солистички концерт во Македонската Филхармонија. На концертот гости му биле доајенот на македонската музика Перо Христов, Иван Кукиќ, Војче Петрушев и Илија Филиповски од Група Маестро како и неговата сопруга Јуле Маротова и "Дуо Маротови". Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia