Телевизија Алфа
Алфа ТВ — приватна национална телевизиска станица, која започнала да се емитува на македонски јазик на 3 јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од јуни 2013 Алфа станала национален телевизиски канал.[1] Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии, како и на официјалниот портал на Телевизија Алфа. ОрганизацијаТелевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Се емитуваат емисии од домашна продукција, како и серии во продукција на ТВ Алфа, како и реалити шоуа. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно над 130 луѓе. Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот[2]. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана, а телевизијата има две студија.[3] ИсторијаТелевизијата од своето основање во 1990-тите години била локална скопска телевизија која го носела името ТВ Скопје. Потоа била купена од страна на грчки медиумски магнат, Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не добила национална концесија, Грците набрзо ја продале телевизијата, со што нови сопственици станале Французи, но и тие немале успех со работата на телевизијата, па во 2008 сопственик станал македонскиот стопанственик, Штерјо Наков. Зделката била вредна половина милион евра[4]. Во 2012 ТВ Алфа била повторно продадена.[5] Домашна програмаЕмисии
ТВ серии во продукција на ТВ Алфа
Наводи
Надворешни врскиГалерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia