Благој Хаџи ПанзовБлагој Хаџи Панзов (роден во Велес, на 18 декември 1911) — македонски правник и комунистички активист. ЖивотописЗавршил право и работел како стажант-адвокат. Во 1938 година е дел од делегацијата од Вардарска Македонија на чело со Димитар Ѓузелов, која се среќава во Белград со д-р Влатко Мачек, водач на хрватското национално движење и главен претставник на здружената опозиција во Југославија.[1] Во текот на НОБ бил член на Акциониот народно-ослободителен комитет (АНОК) и како член на АНОК, заедно со Киро Глигоров го напишал Приговор кон Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. На 30 април 1944 година е избран за член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува како делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година. По Ослободувањето станува помошник на јавниот обвинител на Југославија. Во 1947 година е назначен за секретар и советник во југословенската амбасада во Софија,[2] но подоцна е отстранет од службата.[3] Во април 1949 година Јосип Броз Тито во политичкиот реферат пред Третиот конгрес на Народниот фронт на Југославија, за Хаџи Панзов пишува:
Во декември 1949 година е обвинет во процесот против Трајчо Костов. Осуден е на 15 години строг затвор и глоба од 300.000 лева.[5][6][7] Помилуван е во октомври 1955 година.[8] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia