Киро Глигоров
Киро Глигоров, родено име Киро Панчев (Штип, 3 мај 1917 — Скопје, 1 јануари 2012) — македонски активист на македонското студентско и комунистичко движење, записничар на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија. Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовка на македонска национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во југословенската федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија. По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година. На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за образување на првата влада. Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 година: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден Сојуз на суверените држави на Југославија?“[1] Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање.[2] По успешно одржаниот референдум, Глигоров излегол на плоштадот „Македонија“ и со восхит ги поздравил насобраните граѓани. По донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презел претседателот Киро Глигоров. На 16 декември 1991 година, Советот на министрите на Европската заедница (сегашната Европска комисија) донел одлука да ја признае независноста на оние републики од СФРЈ кои ќе побараат признавање, но кои ги исполнуваат условите поставени од страна на Европската заедница. Притоа, републиките на СФРЈ кои барале меѓународно прзнавање, со помош на претседавачот на Конференцијата за Југославија, ги проследиле пријавите до Арбитражната комисија (предводена од франускиот правен експерт Робер Бадентер), која требало да даде мислење пред да се донесе дефинитивната одлука за признавање. Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, навреме ја поднесол пријавата за меѓународно признавање, а Арбитражната комисија подготвила прелиминарен текст којшто го испратила до Република Македонија. Во мислењето на Арбитражната комисија (точката 2а) се изразувала одреден сомнеж во однос на желбата на Македонија за стекнување независност, предизвикан од вториот дел на референдумското прашање. Поради тоа, на 11 декември, во весникот „Нова Македонија“, претседателот Глигоров објавил реакција поради прелиминарното решение на Арбитражната комисија. Во писмото испратено до Бадентер, Глигоров го опишал доследното, последователно донесување правни акти за независноста на Македонија и дал објаснување за вториот дел од референдумското прашање - неговото убедување дека состојбата во СФРЈ ќе се смири со посредство на меѓународната заедница и дека ќе се создаде нов сојуз на републиките.[1] При приемот на Република Македонија во членство во Обединетите Нации, под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, го одржал првиот говор пред Генералното собрание на Обединетите Нации на 7 април 1993 година. На општите претседателски избори со мнозинство гласови повторно бил избран за претседател на Републиката, 16 октомври 1994 година. На 13 септември 1995 година во седиштето на Обединетите Нации била потпишана Привремената спогодба за нормализација на односите со Грција. На 2 октомври, во Белград го потпишал договоор за признавање со Сојузна Република Југославија, а следниот ден, на 3 октомври 1995 година, врз Глигоров бил извршен атентат во Скопје. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се вратил на својата претседателска должност. Во Хелсинки со свечена изјава на Глигоров било потврдено пристапувањето на Република Македонија кон Завршниот документ на КЕБС, на 29 мај 1996 година. Глигоров за своето успешно, конструктивно водење и регулирањето на меѓународните односи на македонската држава бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија. По говорот на Универзитетот во Питсбург, Соединетите Американски Држави бил прогласен за почесен доктор на Универзитетот, на 21 септември 1997 година. На 5 јануари 1998 година во Неапол му била врачена Средоземната награда за мир. По истекот на вториот претседателски мандат, го отстапил претседателското место на новоизбраниот кандидат Борис Трајковски. Глигоров бил оженет со Нада Глигорова, ќерка на Стојан Мишев. Киро Глигоров бил најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележала Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Глигоров починал во длабока старост — 94 години, на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје. Потекло
ШтипШтип е еден од најстарите градови во Македонија. Градот е сместен меѓу висините на Исарот, Мерите и Кумлакот. Малата река Отиња (долга 3 км) тече низ центарот на Штип и го дели на два дела. Исто така, низ Штип поминува и реката Брегалница. Отиња се влева во реката Брегалница, во југозападниот дел на градот, во Штипско Ново Село. Составен дел на градот Штип е Ново Село, кое се наоѓа во јужниот дел на градот, во клисурата на Брегалница, веднаш зад Исарот, на патниот правец кон Радовиш. Во 1837 година, Штип веќе имал 17 000 жители, а во 1899 година, 20 900 жители.[4]. Во 1830 година, во Штип било отворено првото училиште на македонски народен јазик, а во 1868 година, Јосиф Ковачев (1839-1898) го отворил првото педагошко училиште. Нешто подоцна, во 1872 година започнало со работа првото народно читалиште "Дејателност". При крајот на 19 век, од 1894 до 1896 година, во училиштето (изградено во 1872 година) во Ново Село предавал Гоце Делчев, идеологот на македонското националноослободително револуционерно движење.[5][6] СемејствоКиро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Потекнува од просечно македонско семејство за тоа време. Татко му бил занаетчија а мајка му домаќинка. По презиме, Глигоров е роден како Панчев, но бидејќи татко му бил бојаџија честопати во градот неговото семејство ги нарекувале и како Бојаџиески. Кога наполнил доволно години за да посетува училиште, односно во 1924 година, директорот на тогашното српско основно училиште во Штип му го променил името и презимето како Ќирило Глигоровиќ. Со такво име тој се задржал сè до 1941 година. Од 1928 година се запишал на тогашната прогимназија во Штип, каде некое време работел како библиотекар. Истото го завршил во 1932 година. Своето средно образование го продолжил во Скопје на Машката гимназија (1932-1936), каде станал и член на гимназискиот кружок. По матурирањето, Глигоров се запишал на Правниот факултет во Белград, каде што студирал во периодот помеѓу 1936–1940 година. Во престолнината на Кралството Југославија, тој се вклучил како член, а извесно време и како секретар на Културно-уметничкото друштво „Вардар“. Заедно со загрепските членови на Културно-уметничкото друштво „Вардар“ учествувал во Македонското народно движење, а за време на летниот одмор и во дејноста на Студентската колонија во Охрид. Како студент од трета година, во настанатата провала од страна полицијата, тој за првпат бил уапсен, но поради немање докази бил ослободен. Во затворот ја составил песната „Ленка“ што останала многу популарна и во текот на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија. ОбразованиеВо време на Втората светска војнаВлегување во КПЈ![]() По завршувањето на студиите во Белград, Глигоров кратко време работел како приправник во некоја канцеларија во Белград. Но, кога на 6 април 1941 година Белград бил бомбардиран од страна на Нацистичка Германија, Глигоров се вратил во Скопје. Овде, се вработил во „Вардар Банка“ како правник, а потоа и сам отворил адвокатска канцеларија. На оваа позиција се задржал многу малку, бидејќи бил наклеветен од страна на некој соработник дека бил опасен „србин“. Така, по вторпат тој бил приведен како комунист. По пуштањето од притвор, Глигоров активно се вклучил во антифашистичкиот илегален отпор, соработувајќи со Кузман Јосифовски - Питу. Формирање на АНОКВо есента 1943 година бил формиран Антифашистичкиот народноослободителен комитет, по иницијатива на КПЈ. Глигоров во АНОК се вклучил преку Кузман Јосифовски - Питу. Оваа организација дејствувала како еден вид прв зачеток на подоцнежната власт. На состаноците кои ги одржувале заедно со другите членови на АНОК, тематски најмногу се разгледувало прашањето околу создавање на македонска држава во составот на Југославија. По разгледувањето на објавувањето на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, во октомври 1943 година, АНОК изразил несогласност со југословенската концепција и целите на борбата, застапувајќи се за обединување на деловите на Македонија во единствена борба за слобода. Приговорот на АНОК на Манифестот, во вид на писмо до Главниот штаб на НОВ и ПОМ) го формулираат Глигоров и Благој Хаџипанзов во декември 1943 година. Негативната реакција на овој Приговор членовите на АНОК ја чувствувале и долго по Ослободувањето на Македонија. Истата година Глигоров се оженил со Нада, со која имал две ќерки и еден син. Антифашистичко Собрание за Народно Ослободување на МакедонијаВо почетокот на мај 1944 година, Киро Глигоров за првпат излегол во партизани. Истовремено, како член на АНОК, заедно со уште осум членови, бил повикан да се вклучи во подготовката за АСНОМ. Така, Глигоров станал член а подоцна и секретар на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, каде работел во подготовка за изготвување на политичкиот реферат.[7] На Првото заседание на АСНОМ, кое се одржало на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, тој го водел записникот од истото заседание, а бил избран и за член на АВНОЈ. Истата година присуствувал на островот Вис како претставник на Македонија на заседанието на АВНОЈ. По враќањето од Вис, тој прво се упатил во Белград, кој веќе бил ослободен, а потоа во Скопје. На Второто заседание на АСНОМ, кое се одржало од 28 декември до 31 декември 1944 година во Скопје, Глигоров исто така зел учество. На тоа заседание тој прво бил избран во Президиумот на АСНОМ а потоа и како повереник за финансии при Президиумот на АСНОМ.[8] Во времето на ЈугославијаВо Белград, бил определен за помошник на генералниот секретар на Претседателството на Владата на Федеративна Народна Република Југославија, во периодот помеѓу 1945–1947 година, а потоа бил помошник-министер за финансии во перидот 1947–1952 година. По оваа година извршувал повеќе функции: помошник-претседател на Стопанскиот совет на Владата на Федеративна Народна Република Југославија (1952–1953), заменик-директор на Сојузниот завод за стопанско планирање (1953–1955), секретар за стопанство – координатор во Сојузната влада (1956), секретар на Секретаријатот на СИС за општостопански работи и истовремено бил избран за член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија (1956–1962). Станал сојузен секретар за финансии (1962–1967), а по земјотресот во Скопје бил задолжен од СИС за изработка на програма за обновата на разурнатиот град, како и за спроведување на првите стопански реформи во 1965 година. Во периодот помеѓу 1967-1969 година ја извршувал должноста потпретседател на СИС, а потоа станал член Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија и на Извршното биро, во периодот помеѓу 1969–1971 година. Од 1971 до 1972 година бил член на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а во периодот помеѓу 1974 – 1978 година бил претседател на Собранието на СФРЈ. Пред пензионирањето во периодот помеѓу 1978 – 1987 година бил член на Советот на Федерацијата. Во 1987 година се пензионирал, меѓутоа бил ангажиран во тимот за реферми на претседателот на СИС Анте Марковиќ. Враќање во МакедонијаПо завршувањето на ангаржманите на Киро Глигоров во комисијата на Анте Марковиќ за реформи, на Денот на републиката, 29 ноември во Белград, покрај повеќето политички лидери од цела република, на таа церемонија присуствувале Глигоров и членот на Централниот Комитет на СКМ, Петар Гошев. Таму тој официјално го поканил на Глигоров да членува во неговата Комисија и Форум за спроведување на веќе започнатите реформи најавени во Македонија. Така, тој ја прифатил оваа понуда, чија работа завршила безуспешно во целина поради недостаток на време. Во тоа време веќе бил започнат процесот за воведување на повеќепартиски систем во Македонија. Претседател на Република Македонија
Во 1989-1990 година, кога завршува социјалистичкото уредување, кога СФРЈ се распаднала и кога на просторите на СФРЈ имало воени дејствија, во Република Македонија се втемелуво партиски плурализам и се одржале првите повеќепартиски избори. Пред да биде составена експертската влада на Никола Кљусев, во Македонија за прв претседател бил избран Киро Глигоров. Со воведување на повеќепартискиот систем во Македонија, започнало мегупартиските консултации околу предлагање на личност за кандидат за претседател на Република Македонија. Таква функција дотогаш во Македонија не постоело. Така, биле установени Амандмани на Уставот на СР Македонија, кои го навестиле конституирањето на Македонија како суверена држава. Тогаш било одржана седница помеѓу трите најголеми политички партии во Македонија: СКМ-ПДП (реформирани комунисти), ВМРО-ДПМНЕ и Сојузот на Рефромските сили на Македонија. По неуспешната идеја кандидат за претседател на Република Македонија да биде митрополитот Скопски и Повардарски Михаил, тоа му било понудено на Киро Глигоров. Така, во почетокот на новата 1991 година, односно десет дена по конституирањето на Собранието на Македонија, на дневен ред дошло и расправата околу изборот за претседател на Социјалистичка Република Македонија. По првото тајно гласење, Киро Глигоров не ги добил потребните две третини од гласовите, поради немање поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ПДП. Тогаш, тој добил 60 од потребните 80 гласови за избор на претседател. Но, по само три дена, ВМРО-ДПМНЕ излегла со соопштение дека ќе ја подржи кандидатурата на Глигоров само доколку за потпреседател и премиер на државата биде избран личност кој е член на нивната партија. Така, на 27 јануари 1991 година, на седницата на Собранието на Република Македонија, со 114 гласови “ЗА“ , Киро Глигоров бил избран за прв претседател на Република Македонија. На 7 март му го доверил мандатот на експертската влада на Никола Кљусев. Започнување на немирите и војната во СР ЈугославијаВо почетокот на 1991 година дошло до тотално распаѓање на комунистичка СФРЈ. Но, целата југословенска јавност станувала се позагрижена поради конфликтите кои се заострувале помеѓу јужнословенските народи. Со избувнуивањето на немирите на Косово, а подоцна и на Плитвичките Езера во Хрватска и Вуковар, во залудна ситуација влезе и Македонија со испраќање на војници на бојните полиња. Подоцна започнал и протестот на мајките кои нивните синови ги испратиле во Босна, каде Киро Глигоров се залагал и ги уверувал дека македонските војници ќе бидат вратени назад во својата матична земја. Самиот Глигоров во овој конфликт се залагал за што е можно побрзо повлекување на ЈНА од просториите на Македонија, и сето тоа да протече без никакви инциденти. На 28 март Глигоров учествувал на самитот на претседателите на југословенските републики во врска со зачувување на пријателските односи помеѓу словенскиот народ, а подоцна, на 6 јуни 1991 година била предложена Платформа помеѓу Глигоров и Изетбеговиќ. Истоивремено, Глигоров, како претседател на Македонија директно учествувал со генералот Анџиќ во врска со начинот за повлекување на ЈНА од Македонија. Така, бил постигнат договор според кој дислокацијата на ЈНА од Македонија требало да се заврши до 15 април 1992 година. Во овој поглед, Глигоров имал голем придонес околу зачувувањето на мирот и стабилноста во Македонија. Референдум за независностРепублика Македонија со референдумот кој се одржал на 8 септември прогласи независност. По овој повод претседателот на Република Македонија Киро Глигоров ги поздравил насобраната толпа луѓе со следниве зборови: „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“. Домашна и меѓународна политика![]()
Улога на Глигоров во преговорите за името со Република ГрцијаВеднаш по осамостојувањето и прогласувањето на независност на Република Македонија, воРепублика Грција се кренала тензија околу новата држава на Балканот, посебно околу нејзиното матично име и знаме. Во овие преговори, активно учество заземал и Киро Глигоров. Така, кон крајот на 1992 и почетокот на 1993 година, тој, по покана од францускиот претседател Франсоа Митеран, бил во работа на Франција, каде на францускиот претседател директно му го објаснил проблемот околу името на Република Македонија. Веднаш по преговорите со францускиот претседател, Киро Глигоров имал состанок со министерот за надворешни работи на Австрија, Алојз Мок, кој „сакал“ Австрија да биде ставена како посредник меѓу преговорите за името. Но, преговорите престанале, откако од Република Македонија, на чело со претседателот Глигоров, бил одбиен предлогот на Мок државата да се вика „Централна Балканска Република“. На 12 април 1993 година, согласно мандатот даден од Генералниот Секретар на ООН, Бутрос Гали, Сајрус Венс и Лордот Овен ја започнале посредничката улога во преговорите за името. Подоцна, на 11 мај Глигоров се сретнал со Бутрос Гали, каде во присуство на медијаторите Овен и Венс било понудено решението „Поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ)“. По изборите во Грција, кон Македонија било воведено економско ембарго, на кој претседателот Глигоров остро ги осудил овие постапки кон јужниот сосед, повикувајќи се во генералното собрание на ООН за изнаоѓање на решение. Подоцна, на 13 септември, била склучена времена спогодба за нормализација на односите со Грција. По поништувањето на ембаргото, од страна на Белата куќа во САД бил предложен нов медијатор, Метју Нимиц, со кој Глигоров директно имал преговори во Рим, Италија. Подоцна, Глигоров го преживеал и атентатот извршен врз него во Скопје, каде неговата функција, извесно време ја презел Стојан Андов, кој присуствувал во преговорите. Втор претседателски мандат (1994-1999)Во текот на октомври 1994 година во Република Македонија по првпат се одржале претседателски избори. Киро Глигоров, како кандидат за претседател од СДСМ, повторно бил избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 78,4% од гласовите. Негов противкандидат бил познатиот македонски режисер Љубиша Георгиевски, како претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската ВМРО ДПМНЕ не ги прифатила резултатите од изборите. Атентат врз претседателот ГлигоровНа 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија бил извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеал атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загинал неговиот возач Александар Спировски, а бил повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегнал и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот. ![]() Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот "Бристол" во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодирала кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа. Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во полупречник од околу 50 метри. Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот. Нападот дошол по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за мегусебно признавање на двете земји.[9][10][11]
За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат - ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година. Политика на Глигоров по атентатот
По завршување на мандатотНезадоволен од внатрешната и надворешната политика на новата Влада на Македонија, Глигоров повеќепати јавно реагирал. Во текот на Воениот конфликт во Македонија тој имал средба со претседателот Борис Трајковски, на која истакнал: „Ова е класична окупација и работата треба да се препушти на Армијата – само Армијата е надлежна, има потенцијал и подготвеност да се справи со состојба на окупација на територијата.“ Во 2001 година, бил обновен Форумот за Македонија во чија активност Глигоров се вклучил. Во повеќе јавни настапи го изразил своето незадоволство од потпишувањето на компромисниот Рамковен договор и преку Форумот настојувал да се изменат предложените амандмани на Уставот. Тие состојби свое место нашле во неговите мемоари „Македонија е сè што имаме“, промовирани во Македонската академија на науките и уметностите на 26 април 2001 година. Ова дело на Глигоров било преведувано и промовирано во повеќе земји од Балканот и во Европа. По пензионирањето од активниот политички живот, претседателот Глигоров бил активен преку Фондацијата која го носи неговото име и беше автор на повеќе книги. Заедно со Борис Трајковски, Глигоров во 2005 година станал прв носител на „Орден на Република Македонија. Смрт![]() ![]() Киро Глигоров починал на возраст од 94 години, на 1 јануари 2012 година, спиејќи во својот дом во Скопје. Погребот бил извршен на 3 јануари на градските гробишта Бутел во Скопје.[13] Притоа, била испочитувана неговата последна желба - да има граѓански погреб, без државнички и црковни церемонии. Така, тој бил погребан без високи државни и црковни почести, на 3 јануари 2012 година, во 13 часот, во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Претходно, неговото тело било изложено во капелата, а последна почит му оддале стотина луѓе. До ковчегот стоеле неговите најблиски, синот Владимир и ќерките Лилјана и Донка, како и членови од потесното семејство. Во капелата, со Глигоров се простиле и претседателот Ѓорге Иванов, како и началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, американскиот амбасадор, Пол Волерс, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, претставници од сојузот на борците, како и многу граѓани. Ковчегот со посмртните останки од капелата го изнеле најблиските соработници на Глигоров. Покрај синот, двете ќерќи и останатите членови на семејството, во поворката која го испратила до неговиот вечен дом имало многу јавни личности од политичкиот и општествениот живот, дипломати, пратеници, академици. Во негова чест, 3 јануари бил прогласен за ден на жалост, а знамињата биле спуштени на половина копје. Во спомен на првиот претседател, Киро Глигоров, биле отворени книги на жалост на повеќе места, меѓу кои во претседателската вила на Водно, во канцелариите на претседателот, како и во седиштето на СДСМ и во општинските организации на партијата.[14] ТворештвоМисли, говори и др.За раѓањето на македонската држава:
За одлуките на АСНОМ, како секретар на иницијативниот одбор:
Од претседателскиот инаугуративен говор на 27 јануари 1991 година:
На прославата по референдумот на 8 септември 1991:
За односите со соседите и опседнатоста со историјата:
За достоинството:
За правото на народот да се изјасни дали е за промени:
За додавката „поранешната југословенска“:
За квазиисториските небулози:
За подобрувањето на бугарско-македонските односи и нивната иднина:
Од инаугуралното претседателско обраќање, 27.01.1991
9 мај 1991 година
Обраќање во Собранието на 2 септември 1991
10 јануари 1992
Од претседателското обраќање, 9 декември 1992
Писмена изјава испратена до лидерите на 12-те земји-членки на ЕЗ
Од претседателското обраќање, 19 декември 1998
Вонредно претседателско обраќање на 23 февруари 1999
Од претседателското обраќање, 15 април 1999
ДелаГлигоров е автор и на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател:
ОдликувањаВо текот на неговата политичка активност, Киро Глигоров бил одликуван со повеќе ордени:
ЗанимливостиПоранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров бил најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. На 17 ноември 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележал Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Додека бил претседател на Република Македонија, Киро Глигоров бил политичар со убедливо највисок рејтинг во сите анкети на јавното мислење на граѓаните на Република Македонија. Цитати за Глигоров
Хронолошки преглед на поважните настани од животот на Киро Глигоров
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia