Боденвердер
Боденвердер (германски: Bodenwerder; службено наречен Минхаузенштат Боденвердер) — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер и е најмногу познат како родното место на Барон Минхаузен. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Боденвердер-Поле. ГеографијаБоденвердер се наоѓа помеѓу градовите Хамелн и Холцминден на реката Везер. Југоисточнот од него се наоѓа ридскиот масив Фоглер. Во близина на градот во Везер се влева реката Лене. Градски единициГрадот Боденвердер е составен од:
ИсторијаБоденвердер го добил статусот на град во 1287 година од Хајнрих II фон Хомбург. Постоел важен мост над реката во 1289 година, кој ги поврзувал Хамелн-Падерборн со Ајнбек-Франкфурт. Околу 1340 година владетел на населбата бил Хомборг Бодо, кој го осмислил градот со ѕидини и кули. Од него потекнува името на градот. Во 1750 година се родил Барон Минхаузен, кој се повлекол тука и ги раскажувал познатите приказни на неговите пријатели. Умрел во 1797 година и е погребан во градот. Неговата куќа била купена од градот во 1935 година и се користи како Градско собрание. КултураНаградата „Минхаузен“ за забава се доделува во мај секоја година. ЗнаменитостиМузејот Минхаузен и споменикот, како и неговиот грб во манастирската црква во Кемнаде, се познати туристички одредишта. Во градот се наоѓа и готската црква „Св. Никола“. Околу градот се наоѓаат остатоци на средновековните утврдувања. Познати луѓе
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia