Делигзен
Делигзен (германски: Delligsen) — слободна општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. ГеографијаМестоположбаДелигзен се наоѓа во областа Лајнското Средногорје помеѓу Ројберг на север, Штајнберг на североисток, Зелтер на југоисток, Хилс на југ и на запад, како и Ит на северозапад. Низ местото тече Виспе, која се влева во Лајне. Соседни општиниПочнувајќи од југоисток надесно, Делигзен се граничи со градот Ајнбек (Округ Нортхајм), слободните области Венцен и Гриненплан (Округ Холцминден), како и општините Копенграфе, градот Алфелд и општината Фреден (сите во округот Хилдесхајм). Општински единициОпштината е составена од следниве шест единици:
Највисоката точка на Хилс е 480,4 метри, наречена Блосе Целе. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia