Болскотна ѕвезда![]() Болскотна ѕвезда — променлива ѕвезда која претрпува силни и непредвидлливи промени во сјајноста во рок од неколку минути. Како и Сончевите блесоци, тие се должат на магнетната енергија складирана во атмосферата. Сјајноста се зголемува ширум целиот спектар, од рендгенските зраци до радиобрановите. Првите познати болскотни ѕвезди (V1396 Лебед и AT Микроскоп) се откриени во 1924 г. иако најпозната меѓу нив е UV Кит, чии блесоци забележани во 1948 г. Денес слични болскотни ѕвезди се класификуваат како променливи ѕвезди од типот на UV Кит (со кратенката UV) во ѕвездените пописи како Општиот каталог на променливи ѕвезди. Највеќето болскотни ѕвезди се црвени џуџиња со слаба сјајност, но во поново време е утврдено дека блескањето може да се јави и кај кафеавите џуџиња, кои се помалку масивни. Најмасивните променливи ѕвезди од типот на RS Ловечки Кучиња (RS CVn) исто така прават блесоци, но овие се предизвикани од придружна ѕвезда во двоен систем која предизвикува заплетување на магнетното поле. Покрај тоа, болскотни појави се забележани и кај уште девет ѕвезди слични на Сонцето[1] пред напливот на податоци за суперблесоци од вселенската опсерваторија „Кеплер“. Се предлага дека нивниот механизам е сличен на оној кај RS CVn-променливите по тоа што блесоците се предизвикани од придружник, поточно незабележана јупитеровидна планета во блиска орбита.[2] Блиски болскотни ѕвездиБолскотните ѕвезди се по природа слаби, но се среќаваат до растојанија од 1.000 светлосни години од Земјата.[3] На 23 април 2014 г. сателитот „Свифт“ ја пронашол најсилната, најврелата и најдолготрајната низа од ѕвездени блесоци, набљудувајќи го блиското црвено џуџе DG Ловечки Кучиња. Првичната епозида од оваа рекордна низа избуви била 10.000 пати помоќна од најсилниот забележан Сончев блесок.[4] Проксима КентаурНајблискиот ѕвезден сосед на Сонцето — Проксима Кентаур — e болскотна ѕвезда која повремено се засилува во сјајност поради магнетна активност.[5] Магнетното поле на ѕвездата настанува со конвекција низ нејзиното тело, и произлезената болскотна активност создава вкупно рендгенско зрачење слично на Сончевото.[6] Волф 359Друг близок сосед е болскотната ѕвезда Волф 359 (2,39 ± 0,01 парсеци). Оваа ѕвезда, наречена и Глизе 406 или CN Лав, е црвено џуџе од спектралната класа M6.5 кое оддава рендгенски зраци.[7] Претставува болскотна ѕвезда од типот на UV Кит,[8] и има релативно висока стапка на блескање. Средното магнетно поле има јачина од 2,2 килогауси (0,2 T), но ова значително се разликува во периоди со краткост и од 6 часа.[9] За споредба, магнетното поле на Сонцето има просечно 1 гаус (100 µT), иако знае да се накачи на 3 килогауси (0,3 T) во активните сончеви дамки.[10] Барнардова ЅвездаБарнардовата Ѕвезда е четврта ѕвезда по близина до Земјата. Таа е многу постара од Сонцето, со старост од 7–12 милијарди години. Долго се сметала за мирувачка. Сепак, во 1998 г. забележан е силен ѕвезден блесок, со што се покажало дека Барнардовата Ѕвезда е болскотна.[11][12] TVLM513-46546TVLM 513-46546 е болскотна ѕвезда од типот M9 со многу мала маса, на границата меѓу црвено и кафеаво џуџе. Радиоастрономските податоци од опсерваторијата „Аресибо“ укажуваат дека ѕвездата прави блесоци на секои 7054 секунди.[13] 2MASS JJ18352154-3123385 AПомасивниот член на двојната ѕвезда 2MASS J1835, кој е M6.5-ѕвезда, има силна рендгенска активност која ујажува на тоа дека се работи за болскотна ѕвезда, иако никогаш не се забележани болскоти. Рекордни блесоциНајсилниот ѕвезден блесок е забележан од ѕвездата II Пегаз.[14] Набљудувањата направени со „Свифт“ укажуваат на присуство на тврди рендгенски зраци во добро утврден Нојпертов ефект, какви што се забележуваат кај Сончевите блесоци. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia