Гаус (единица)
Гаус (симб. G или Gs; кирилично: Г) — мерна единица со која се изразува магнетната индукција, наречена и густина на магнетниот тек. Единицата е дел од Гаусовиот мерен систем, кој ја наследил од постариот систем СГС-ЕМЕ (сантиметар-грам-секунда за електромагнетизам). Наречена е во 1936 г. во чест на германскиот математичар и физичар Карл Фридрих Гаус. Еден гаус е еднаков на еден максвел на квадратен сантиметар. Со замената на СГС со Меѓународниот систем на мерни единици (СИ-систем), гаусот е исфрлен од употреба од страна на стандардизациските органи, но сè уште редовно се користи во разни научни гранки. СИ-единицата за густината на магнетниот тек е теслата (симб. T),[1] што одговара на 10.000гауси. Име, сибол и метрички претставкиИако не е составен дел од СИ-системот, примената на гаусот ги следи правилата на тие единици. Како и другите единици наречени по личност, има кратенка со голема буква (G), но се пишува „гаус“ со мала, освен на почетокот на реченицата.[2]:147–148 Гаусот често се здружува со метрички претставки,[3]:128 како на пр. милигаус (mG или mGs). Претворање на единици
Гаисот е единицата за густина на магнетниот тек B во системот на Гаусови единици и е еднаква на Mxcm2 or g/Bi/s2, додека пак ерстедот е единица за H-поле. Една тесла (T) соодветствува на 104 гауси, а еден ампер (A) на метар одговара на 4π × 10−3 ерстеди. Единиците за магнетен тек Φ, кој е интегралот на магнетното B-поле врз дадена плоштина, се веберот (Wb) во СИ-системот и максвелот (Mx) in Гаусовиот СГС-систем. Факторот на претворање е 108, бидејќи текот е интегралот на полето врз дадена површина, а површината е квадрат од растојанието, па така 104 (факторот) помножен со 102 на квадрат (фактор на претворање на линеарно растојание, т.е., санитиметри по метар). 108 = 104 × (102)2. Типични вредности
ПоврзаноБелешки
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia