Борис Марков

Борис Марков (Отуње, 1923) — македонски славист, универзитетски професор на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, по предметот Граматика и историја на рускиот јазик[1].

Животопис

Марков е роден во тетовското село Отуње во 1923 година. Тој бил долгогодишен шеф на Катедрата за славистика и декан на Филолошкиот факултет (19831985). Во 1960 година ја одбранил докторската дисертација „Продуктивни именски наставки во македонскиот јазик“.

Библиографија

Автор е на околу 200 научни трудови за зборообразувањето и лексиката на македонскиот и рускиот јазик во споредба со други словенски и балкански јазици, како и на книгата „Образување на придавките во македонскиот јазик“ (1988).

Наводи

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya