Отуње — село во Општина Тетово , во околината на градот Тетово .
Географија и местоположба
Историја
Според турски документи од 1628 година село Хотујне се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 16 христијански семејства.
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 193 — 1953 177 −8.3% 1961 78 −55.9% 1971 29 −62.8% 1981 10 −65.5%
Година Нас. ±% 1991 0 −100.0% 1994 0 0.00% 2002 0 0.00% 2021 3 —
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Отуње живееле 220 жители, сите Македонци .[ 2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев , („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во Отуње имало 240 Македонци , под врховенството на Бугарската егзархија .[ 3]
Спорец Афанасиј Селишчев во 1929 година, Отуниште било село во Теарска општина и имало 65 куќи со 480 жители, Македонци и Албанци .[ 4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци .[ 5]
Селото е наполно иселено по 1981 година, кога броело само 10 жители, сите Македонци .[ 6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 2 Македонци и 1 Србин .
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
220
240
193
177
78
29
10
0
0
0
3
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 7] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 8] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 9] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10]
Родови
Отуње е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Јанкуловци или Клаковци (7 к.) староседелци . Имаат иселеници во Скопје (две семејства), Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Пловдив (четири семејства);
Илиновци (8 к.) доселени се од сега албанското село Орашко Градиште во клисурата на Вардар. Имаат иселеници во Лешок (Пејчиновци или Поповци ) и на други места;
Петковци (5 к.) исто потекло како претходниот род;
Шурновци или Поројчанци (11 к.) доселени се од сега албанското село Порој . Имаат иселеници во Тетово (четири семејства), Скопје (четири семејства) и во Софија (две семејства).[ 11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Борис Марков (р, 1923) - македонски славист и универзитетски професор
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања . Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115 .
↑ „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“ . Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-29 .
Надворешни врски
Грбот на Општина Тетово Историски