Младинската кариера ја има поминато во младинските категории на Работнички.[1]
Професионална кариера
Својата професионална кариера ја започнал во Вардар во сезоната 2007/08, сезона во која го добил признанието „најдобра дебитантска петорка во лигата“.[2] Сезоната 2008/09 исто така ја одиграл во Вардар.[3][4] За 2009/10 сезоната, Крстевски продолжил во Вардар.[5] За сезоната 2010/11 се префрлил во Торус со кој стигнал до полуфиналето во Лигата и во Купот 2011.[6] Со Торус пак стигнал до полуфиналето на Првенството 2011/12 и Купот 2012.[7] После распадот на Торус, Крстевски потпишал за грчкиот второлигаш Кавала.[8] Со Кавала во сезоната 2013/14 завршил на третото место во Втората лига.[9] Во сезоната 2014/15, Крстевски со Кавала ја освоил Втората грчка лига.[10] Во септември 2015 година, Крстевски потпишал за Работнички.[11] Како играч на Работнички станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во јануари 2016 година, Крстевски се здобил со скршеница на стапалот при што морал да го пропушти остатокот на сезоната 2015/16.[12] За сезоната 2016/17, Бојан Крстевски се преселил во Кожув.[13][14] Во јуни 2017 година, Бојан Крстевски повторно станал играч на Работнички.[15] Во таа сезона, Крстевски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Крстевски продолжил во редовите на Работнички.[16] Со Работнички, Крстевски го освоил Купот 2019, додека во Првенството станал вицепрвак. По завршувањето на сезоната, на Крстевски му истекол договорот со Работнички.[17] На крајот на јули 2019 година, Крстевски се договорил и потпишал двогодишен договор со МЗТ Аеродром.[18][19][20] Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.
Репрезентативна кариера
Младинска репрезентација
На Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2005 година, Крстевски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 3,3 бода, 4 скокови и 0,3 асистенции.[21] На Европското првенство под 20 години - Б Дивизија во 2007 година, Бојан Крстевски учествувал со македонската репрезентација под 20 години. Неговиот просек бил 6,3 бода, 4,3 скокови и 1,2 асистенции.[21] Следната година, исто така играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија. Просек имал од 0,6 бода, 0 скокови и 0 асистенции.[21] Во јуни 2009 година, Бојан настапил на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија. Тогаш на седум натпревари тој имал просек од 25,1 одиграни минути, 9,9 бода, 3,9 скокови, 1,1 асистенции, 1,3 блокади, 0,6 украдени топки.[22]
А репрезентација
Поради повреда, Крстевски не учествувал во квалификациите за Евробаскетот 2015,[23] како и на завршниот турнир.
Во квалификациите за Евробаскетот 2017, Крстевски на шест натпревари имал просек од 2,3 одиграни минути, 0,3 бода, 0,7 скокови и 0,2 асистенции.[22] Поради повреда Крстевски не учествувал во преткалификациите за Светското првенство 2019.[24] Крстевски бил вклучен во репрезентацијата за претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Крстевски.[25] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[26]
↑„Центар на Работнички меѓу желбите на МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 20 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Бојан Крстевски – од Работнички во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)