Бранислав Ангеловски (роден на 21 февруари 1977 во Битола) — македонски ракометен тренер и поранешен ракометар кој својата играчка кариера ја завршил во екипата на РК Доброгеја од Романија.[2]
Бранислав својата ракометна кариера ја започнал во РК Вардар во 1997 година. Откако во 2000 година настапувал на позајмица во РК Тинекс Пролет тој направил трансфер во Хрватска во шампионот РК Загреб. Во 2004 година се вратил во Македонија во РК Пелистер од Битола. Потоа од 2005 до 2007 настапувал за РК Металург. Потоа една година игра во првенството на Обединетите Арапски Емирати и во 2009 повторно се вратил во Македонија во РК Вардар. По една сезона помината во РК Вардар во 2010 потпишал за романскиот шампион РК Констанца, кае се задржалл до 2015 година, по кое потпишал за РК Доброгеја и по две одиграни сезони ставил крај на својата ракометна кариера.
За ракометната репрезентација на Македонија има одиграно 159 натпревари и има постигнато 392 погодоци.
Наводи