Никола Стојчевски

Никола Стојчевски
Лични податоци
Роден(а) 9 септември 1984(1984-09-09)(40 г.)
Ресен, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.84 м
Тежина 84 кг
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Сениорски клубови
2003–2005
2005–2008
2008–2009
2009–2010
2010
2010–2012
2012–2013
2013–2015
2015–2016
2016–2017
2020–2021
Македонија Преспа
Македонија Вардар Про
Хрватска Осијек
Романија Клуж Напоха
Романија Пандури Таргу Жију
Македонија Металург Скопје
Тунис Клуб Африкан
Шведска Редбергслид
Шведска Дрот
Германија Ферндорф
Шведска Торсланда
Репрезентација
  Македонија Македонија 24 (33)

Никола Стојчевски (роден во Ресен на 9 август 1984[1]) — македонски поранешен ракометар.

Кариера

Стојчевски започнал да игра ракомет во тимот на Преспа, а потоа, преку младинската екипа на РК Вардар, станува и дел од сениорскиот тим на Вардар Про. По три поминати сезони во дресот на Вардар, тој започнал интернационална кариера во РК Осиек во 2008 година, а потоа играл во романското првенство во клубовите Клуж Напоха и Пандури Таргу Жију. Стојчевски се вратил во македонската супер лига во 2010 година, потпишувајќи договор со Металург, но сепак, по две поминати сезони, го напуштил клубот и заиграл за тунискиот прволигаш Клуб Африкан.

Со македонската репрезентација, Стојчевски настапил на Европското првенство 2014 во Данска.

Стојчевски првично ја завршил кариерата во дресот на германскиот второлигаш Ферндорф во 2018 година на 33 годишна возраст,[2] но повторно се вратил на професионалниот ракомет две години подоцна, потпишувајќи за шведскиот второлигаш Торсланда.[3] Тој дефинитивно ја завршил својата играчка кариера на крајот на сезоната 2020/21.

Наводи

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2011-06-14.
  2. Стојчевски ја заврши кариерата g-sport.mk; 12 јули 2018
  3. Torslanda HK presenterade flera intressanta nyförvärv Torslanda HK; 25 јули 2020 (шведски)

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya