Бранко Тодоровски
Бранко Димов Тодоровски (12 јуни 1926 во Скопје — 15 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописИзраснал во сиромашно работничко семејство. Завршил основно училиште, но поради лошите материјални услови не можел да го продолжи образованието во средно училиште. Изучил браварски занает, а потоа работел во скопската ложилница. За време на окупацијата на Македонија, како напреден младинец ги помагал подготовките за оружено востание против окупаторот и учествувал во разни акции на народноослободителното движење. Собирал народна помош, растурал летоци и слично. Есента 1944 година со група младинци заминал на Китка и учествувал во формирањето на Дванаесеттата македонска ударна бриrада. Станал борец на треттата чета на четвртиот баталјон. Во составот на бригадата, учествувал во бројни битки против балистите и Германците. Учествувал и во уличните борби за ослободување на својот роден град. По ослободувањето на Скопје, заминал кон селото Шишево и во една борба против балистички оружени сили, загинал на 15 ноември 1944 година.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia