Брајан Вилсон

Брајан Вилсон
Вилсон во 1990
Роден(а)Брајан Даглас Вилсон
јуни 20, 1942(1942-06-20)
Калифорнија, САД
Починал(а)јуни 11, 2025(2025-06-11) (возр. 82)
Беверли Хилс, Калифорнија, САД
Занимање
  • музичар
  • пејач
  • текстописец
  • продуцент
Активен период1961–2024
Сопружник
ДецаКарни Вилсон, Венди Вилсон, и посвоени
Роднини
Потпис
Страница
brianwilson.com

Брајан Даглас Вилсон (20 јуни 1942 - 11 јуни 2025) бил американски музичар, текстописец, пејач и продуцент кој е ко-основач на Beach Boys. Често го нарекувале гениј поради неговите нови пристапи кон поп-компонирањето и совладувањето на техниките за снимање. Тој е широко признат како еден од најиновативните и најзначајните текстописци на 20 век. Неговото најпознато дело се одликува со високи продукциски вредности, сложени хармонии и оркестрации, вокална слоевитост и интроспективни или наивни теми. Вилсон бил познат и по својот разновиден глас.

Формативни влијанија на Вилсон ги вклучувале Џорџ Гершвин, Фил Спектор и Берт Бакерак. Во 1961 година, ја започнал својата професионална кариера како член на Beach Boys, каде што бил текстописец, продуцент, ко-водечки вокал, басист, клавијатурист и де факто лидер на бендот. Откако фрупата потпишала договор со „Капитол рекордс“ во 1962 година, тој станал првиот поп-музичар на кого му се припишува пишување, аранжирање, продуцирање и изведување на свој материјал. Тој, исто така, бил продуцент и за изведувачи како што се „Ханис“ и „Американ Спринг“. До средината на 1960-тите, напишал или бил коавтор на повеќе од дваесетина хитови од американските топ 40, како на пример хитовите Сурф Сити (анг: Surf City) (1963), Ај гет араунд (анг: I Get Around) (1964), Хелп ми, Ронда (анг: Help Mе, Rhonda) (1965) и Гуд вајбрејшнс (анг: Good Vibrations) (1966). Тој се смета за еден од првите музички продуценти- автори и првите рок продуценти кои го примениле студиото како инструмент.

Вилсон се соочувал со ментални болести целиот свој живот и ова кулминирало со нервен слом кон крајот на 1964 година. Од тогаш се откажал од редовните концертни турнеи за да се фокусира на пишување песни и продуцирање, што довело до дела како што се Пет Саундс (анг: Pet Sounds) заедно со Бич Бојс и неговото прво соло издание, Керолајн Ноу (анг: Caroline, No) (двете од 1966 година), како и недовршениот албум Смајл (анг: Smile). До крајот на 1960-тите, неговата продуктивност и ментално здравје значително се намалиле, што довело до периоди обележани со изолација, прејадување и злоупотреба на супстанции. Неговиот прв професионален камбек го донел речиси соло албумот Д Бич бојс лав ју (анг: The Beach Boys Love You) (1977). Во 1980-тите, тој формирал контроверзно креативно и деловно партнерство со својот психолог, Јуџин Ленди, и ја обновил својата соло кариера со албумот Брајан Вилсон (1988). Вилсон се одвоил од Ленди во 1991 година и редовно одел на турнеи од 1999 до 2022 година. Тој ја завршил верзијата на Смајл во 2004 година, што му донело најголемо признание како соло изведувач.

Најавувајќи го признавањето на популарната музика како уметничка форма, достигнувањата на Вилсон како продуцент помогнале да се започне ера на невидена креативна автономија за изведувачите кои имале потпишано договор со издавачки куќи. Тој се смета за важна фигура за многу музички жанрови и движења, вклучувајќи го Калифорнија звукот, арт-попот, психоделијата, камерниот поп, прогресивната музика, панкот, аутсајдер и др. Од 1980-тите, неговото влијание се проширило на стилови како што се пост-панк, инди-рок, емо, дрим поп, Шибуја-кеи и чилвејв. Вилсон добил бројни награди од индустријата, вклучувајќи две Греми награди и наградата „Кенеди Центар“, како и номинации за наградата Златен глобус и наградата „Прајмтајм Еми“. Бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 1988 година и во Куќата на славните на текстописците во 2000 година. Биографскиот филм Љубов и милост од 2014 година бил базиран на неговиот живот и кариера. Вилсон починал во 2025 година од непозната причина.

Поврзано

Библиографија

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya