Брегалничко-струмички корпус на НОВЈ![]() Брегалничко-струмичкиот корпус на НОВЈ е формиран на 3 октомври 1944 година. Во почетокот на својот состав ја имал 50-та македонска дивизија, а од 19 октомври ѝ 51-та македонска дивизија.[1] Командант на корпусот бил Пецо Трајков, а политички комесар Благоја Стефановски - Гојчо.[2] Команден составКомандниот состав на дивизијата го сочинувале:[3]
Борбени дејстваКорпусот започнал со борбени дејствија на 15 октомври 1944 година, за ослободување на територијата од границата со Бугарија до реката Вардар, како и од реката Брегалница до реката Струмица. Ослободени се градовите Кочани на 22 октомври, Штип на 8 ноември, Струмица на 5 ноември и Валандово на 7 ноември.[4] Корпусот требал да дејствува заедно со бугарската четврта армија, со која требале да ги одбијат германските воени сили од комуникацијата Дојран-Струмица-Штип. Бугарската четврта армија имала задача со енергични дејства од граничната линија да избие до 12 октомври кај селата Теранци-Балван-Агрулица.[1] Но, наместо да се држат до договорот, тие сето внимание го свртеле кон Буковик, каде делувала само една германска чета, а на сите други позиции на кои требале да дејствуваат, бугарските војници останале пасивни без извршување на зададените задачи.[5] Корпусот, пак имал задача на споменатиот простор да дејствува против германските единици и нивните утврдувања длабоко во одбраната. Заедничкиот напад на брегалничкиот правец е одложен од 8, за 15 октомври. Во борбите со германските единици, корпусот ги извршил планираните задачи и успеал до 8 ноември да ги ослободи скоро сите населени места од граничната линија со Бугарија до градот Штип, кој бил ослободен од 50-та македонска дивизија.[1] На струмичкиот правец, пак била ангажирана 51-та македонска дивизија на НОВЈ, а од југословенско-бугарската граница била ангажирана бугарската Седма дивизија. Од 21 до 29 октомври, 51-та македонска дивизија, извршила низа успешни напади во реонот на Радовиш и селата. По петдневни борби во околината на Струмица, успеале да ги ослободат градовите Струмица (на 5 ноември) и Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември.[1] Во овој период бугарската 7-ма дивизија воопшто не делувала, а во периодот помеѓу 29 октомври и 5 ноември влегле во Ново Село, кое било напуштено од германските воени сили бидејќи си ја извршиле својата задача се повлекле во правец кон Скопје, па така бугарската армија без никаква борба влегла во селото.[5] По ослободувањето на Струмица, 51-та дивизија била испратена на тромеѓето за да ги затвори правците од Бугарија и Грција, а 50-та дивизија била испратена во борбата за ослободување на Скопје. Корпусот е расформиран во првата половина на декември 1944 година, а неговите дотогашни борци се распоредени во другите воени единици.[4] Со наредба на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ, корпусот е расформиран во првата половина на декември 1944 година, а луѓето се распоредени во другите единици на Народноослободителната војска на Македонија.[1]
Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia