Брижински споменици (Фрајзиншки споменици) – најстари сочувани пишани документи пишувани на латиница на некој од словенските јазици. Напишани се на старословенски јазик и често се истакнуваат како пример на панонско-словенечката редакција на старословенскиот јазик. Настанале во периодот меѓу 972 и 1039 година, најверојатно во долината на реката Молна, денес на територијата на Корушка во Австрија.
Потекло на поимот
Името го добиле по округот Фрајзинг заради тоа што баварските библиотекари ги пронашле во збирка пергаменти која во 1803 година биле донесени од Фрајзинг. Во 1854 година словенечкиот славист Антон Јанежич го сковал словенското име Бризно, Брижник, Брижини или Брижињ.[1] па овие документи на некои словенски јазици се нарекуваат и Брижински споменици.
При пишувањето на текстот бил употребен вид латиница која се употребувала во периодот кој го следел периодот на владеењето на Карло Велики, па затоа се нарекува каролиншка минискула (минискула – мали букви).