Бромна киселина
Бромна киселина, позната и како водород бромат, ― оксокиселина со молекуларна формула HBrO3. Постои само во воден раствор.[1][2] Таа е безбоен раствор кој пожолтува на собна температура додека се разградува до бром.[1][3] Бромната киселина и броматите се моќни оксидирачки агенси и се вообичаени состојки во Белоусов-Жаботинскиевите реакции.[3][4] Белоусов-Жаботинскиевите реакции се класичен пример за нерамнотежна термодинамика. ОдвојувањеНиските концентрации целосно се одвојуваат на хидрониум и бромат додека високите концентрации се распаѓаат за да образуваат бром. Високата нестабилност на бромната киселина може да се објасни затоа што позитивно наелектризираниот хипервалентен бром е поврзан со електронегативната OH група.[5] СтруктураПостојат неколку изомери на HBrO3.[5][6] Пресметаните должини на врската се наведени подолу врз основа на три теории на високо ниво G2MP2, CCSD(T) и QCISD(T).[5]
Големите енергетски бариери помеѓу овие структури не ја овозможуваат изомеризацијата. HOBrO2 е најстабилниот изомер и е оној на сликата погоре.[6] СинтезаБромната киселина е производ на реакција на бариум бромат и сулфурна киселина.[1]
Бариум сулфатот е нерастворлив во вода и прави талог. Водената бромна киселина може да се преточи со отстранување на бариум сулфатот. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia