Бубачки (филм)

„Бубачки“
Плакатот на филмот
РежисерИгор Иванов-Изи
ПродуцентВладимир Анасатасов
СценаристСунчица Веселиновска
Главни улоги
МузикаЗоран Спасовски
КинематографијаТоми Салковски
МонтажаИгор Андреевски
СтудиоСектор филм Скопје
Премиера2004
Времетраење15 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Бубачки — македонски кусометражен игран филм од 2004 година по сценарио и во режија на Игор Иванов-Изи, во производство на Сектор филм Скопје. „Бубачки“ е номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски вестивал во 2004 година и е добитник на престижниот „Златен леопард“ на фестивалот во Локарно. Бубачки успевал да се пласира помеѓу девет кусометражни филма во трката за „Оскар“, но не се здобил со номинација. Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Петар Мирчевски. Кинематографер е Томи Салковски, продуцент Владимир Анасатасов, монтажер Игор Андреевски, а музиката е на Зоран Спасовски.[1]

Содржина

Петар е аутистично момче што живее во сопствен свет, заштитен од очајната стварност и од дезинтеграцијата на неговото семејство. И покрај тоа, реалноста продира во неговиот свет и го уништува. Петар се одмаздува. По известувањето за татковата смрт Петар се сеќава на своето трагично детство: Таткото на Петар работи на споредна железничка станица. Тој е алкохоличар, исфрустриран од некој неуспех во шаховски турнир. Ја малтретира мајката. Поради тоа Петар живее затворен во сопствениот свет во кој доминира неговата обземеност од бубачките. Мајката си заминува, девојчето со кое Петар се дружи е уплашено од алкохолизираниот татко. Додека таткото е пијан, Петар пренасочува еден воз во погрешен колосек. Тоа е неговата одмазда.

Улоги

Наводи

  1. „Бубачки“. www.maccinema.com. Посетено на 2025-06-04.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya