Петар Мирчевски
Петар Мирчевски (роден на 11 ноември 1956 во Крушево) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. ЖивотописМирчевски е роден во 1956 година во Крушево. Кај блиските е познат и по прекарот Пепи Пивцето кој го добил во средношколските денови, за време на учеството во една работна акција. Неговите двајца сина Филип и Мартин продолжиле по стапките на таткото, работејќи како глумци во Народниот театар во Битола.[1] Дипломирал на ФДУ во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година станал член на битолскиот театар. Тој е еден од најангажираните и најекспонирани глумци, не само во историјата на битолскиот театар, туку и пошироко во Македонија. Покрај настапите во својата матична куќа, Мирчевски бил чест гостин и на сцената во Прилеп. Театарска кариераВо својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави.[1] За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко“[2]. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија.[3] Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[4][5] Во 2021 година Мирчевски ја добил наградата „4 Ноември“ за животно дело[6] Во 2023 година, Мирчевски ја добил наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“. ФилмографијаПокрај настапите во театарот, Мирчевски остварил и плодна телевизиска и филмска кариера:
Петар Мирчевски настапил и во турската ТВ-серија „Збогум Румелија“, која се снимала на неколку локации во Македонија (Битола, Охрид и селото Маково во Мариово) во периодот од 2007 до 2009 година. Во серијата го толкувал ликот на бугарскиот трговец со тутун Петрус ефенди, а во серијата се појавува во околу триесетина епизоди.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia