Будистички календарБудистички календар – календар кој се користи во континентална Југоисточна Азија (Камбоџа, Лаос, Тајланд, Мјанмар), но исто така и на Шри Ланка, во неколку различни облици. Тој е месечево-сончев календар, со месеци со по 29 и 30 дена наизменично. Во правилни интервали се вметнуваат престапен ден и 30-дневен месец. Сите облици, освен модерниот, се засноваат на оригиналната Сурја сидханта од 3 век (што влијаело и на разни хиндуистички календари). Со месечево-сончев интеркалацион систем генерално се додаваат седум дополнителни месеци (адхикамаса) на секои 19 години и 11 дополнителни денови (адхикавара) на секои 57 години, но ова е само приближен опис на конкретни пресметки. Просечната година има 365,25875 денови сметајќи од махајуга од 4.320.000, или поедноставно речено (после делење со 5400), 800 години имаат 292.207 дена. Таквата година е малку подолга од денешната ѕвездена година и значително подолга од денешната тропска година. Хиндуистичката верзија додава (или одзема) дополнителни месеци и денови штом тоа го покажат астрономските формули, додека верзиите од југоисточна Азија го одлагаат таквото додавање. Тајландско-лаоско-камбоџанската верзија не дозволува додатен ден во годините со додатен месец, додека бурманско-шриланкската верзија, напротив, дозволува додатен ден само во годините со додатен месец. Тоа значи дека постојат четири вида на месечево-сончеви години, од 354, 355, 384 и 385 дена. Имињата на месеците главно се на санскрит:
Старите називи на месеците на бурмански јазик се:
Обичните години почнуваат во пролет, имаат месеци со наизменични 29 и 30 дена. Додатен ден му се додава на џјештха/најон, што го продолжува на 30 дена. Додатен месец се добива со удвојување на ашадха/васо. Секој месец има растечка половина од 15 дена (т.е. од млада до полна Месечина) и опаѓачка половина од 14 или 15 дена.
Касон, најон, првиот и вториот васо имаат по 30 дена, па се нарекуваат „четири еднакви последователни месеци“ во годините со додатен месец. Нумерираните години коинцидираат со ѕвездената година која содржи 12 зодијакзодијачки знаци (раси), така што може да почне на кој било ден од 6 чајтра/тагу до 5 вајшакха/касон, што значи дека остатокот од месецот ќе биде во соседната година. Тоа значи дека во некоја нумерирана година може да недостасуваат некои денови од месецот, додека во соседната има иста низа датуми на својот почеток и крај. Биле користени (или и сега се користат) четири ери:
Сите години се бројат како поминати (довршени, за разлика од јулијанските и грегоријанските кои се тековни), што значи дека почнуваат 0 година, а не со 1 година, бидејќи годината сè уште не истекла во текот на таа „прва“ година. Наведените епохални датуми се однесуваат само на 0 година – денешните денови на влез на Сонцето во првиот раси (почеток на ѕвездената година) се подоцни по грегоријанскиот календар заради прецесијата на еквиноксот. Пресметките не почнуваат со нула на почетокот на ерата – наместо тоа на сите пресметки мора да им се додаде надомест од извесен број цели и делови на денот, во траење од повеќе од една година. Со тоа се објаснуваат привидните недоследности во будасакарат. Литература
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia