Исламски календарИсламски календар или муслимански календар (арапски: التقويم الهجري; персиски: تقویم هجری قمری турски: Hicri Takvim; уште се нарекува и хиџрански календар) — месечев календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници. Календарот е месечев, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи месечевата година има 11 дена помалку од сончевата, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна сончева година, т.е. според грегоријанскиот календар. Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан.[1] МесециМесеците се именувани вака:[2]
Од сите месеци, рамазан или рамадан е најславениот. Муслиманите треба да постат во текот на денот во овој месец. За повеќе околу светиот месец видете и: рамазан. ДеновиПрвиот ден од неделата е недела. Според исламскиот календар, деновите започнуваат на зајдисонце.[3] Муслиманите се собираат за молитва во џамија на пладне на „денот за собор“ кој одговара на петок. Затоа, петокот се смета за ден за одмор, а саботата честопати е прв работен ден. Имињата на деновите се:
„Јаум“ значи ден, а неколку денови имаат имиња на редоследни броеви: првиот, вториот, третиот и четвртиот. Броење на годинитеСпоред исламската традиција Абраха, управникот на Јемен, кој во тоа време бил провинција на христијанското кралство Аксум (денешна Етиопија се обидел да ја уништи Ќабата напаѓајќи ја со војска која вклучувала слонови. Нападот не успеал. Според овој настан, таа година е наречена Година на слонот, а тоа е и годината во која е роден Мухамед. Се смета дека оваа година одговара на 571. или 570. година од европскиот календар. До 638. година, во предисламскиот период, годините биле броени почнувајќи од годината на слонот. Мухамед во 9-тата година ги забранил престапните месеци и години, односно го вовел месечевиот календар. Во 638. година (17. година според исламскиот календар), вториот калиф Умар почнал да ги брои годините од Хиџра, која била оттогаш сметана како прва година. Првиот ден од првиот месец на таа година, по бришењето на престапните денови од првите 9 години, се совпаднал со 16 јули 622. година, и ова и денес се смета за првиот ден од исламскиот календар (иако всушност преселбата на Мухамед се случила во септември 622. година).[1] Првиот доказ за користењето на исламскиот календар доаѓа од еден папирус од Египет во 22. година (644. г.). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia