Календар![]() Календар е систем за организирање на деновите со општествени, религиозни или административни цели. Ова се прави со тоа што им се даваат имиња на одредени временски периоди, денови, недели, месеци и години. Месеците и годините најчесто се во склад со движењето на Сонцето и Месечината. Повеќето цивилизации својот календар го направиле со приспособување на постар модел на календар, преземен од друг народ. Зборот календар доаѓа од латинскиот kalendae, што било назив за првиот ден од секој месец.[1] Видови на календариНаједноставниот календар е јулијанскиот календар, кој едноставно ги брои деновите после одреден датум. Други видови на календари се:
Најчесто календарите содржат повеќе од еден тип на циклус, каков што е на пример грегоријанскиот календар, кој не зависи од седмиците, но датумот се искажува не само со бројката на денот од месецот, туку и со името на денот од седмицата.[2] Обично, системот на искажување на деновите во бројки, не ги изместува деновите во седмицата, кои си продолжуваат непрекинато. Најголемиот број на календари содржат поими како ден, месец и година. Сончевиот календар го следи циклусот на сезоните, традиционално користен за планирање на земјоделските активности. Во месечевиот, еден месец е еднаков на еден циклус од мените на Месечината. Бидејќи бројот на денови во една сончева година не е цел број, ова е решено со додавање на денот 29 февруари на секоја четврта односно престапна година. Истото се случува и во месечевиот календар. Ова е познато како интеркалација. За општите потреби во една држава, заради регулирање на активностите, направени се временските поделби на помали или поголеми периоди, како на пример недела, деценија, век, милениум. Календарот како тема во уметноста и во популарната култура
Поврзано
Дополнителна литература
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia