Буламација
Буламација (грчки: Μπουλαμάτσια) — село во Општина Касандра во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаБуламација се наоѓа на 110 километри јужно од градот Солун и на 15 километри јужно од центарот на општината Касандра, на источниот дел од полуостровот Халкидик. ИсторијаСелото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Селото како и сите други населби на полуостровот припаѓало на вакуфот Газанфер ага во нахијата Каламарија. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. ДемографијаЗа првпат се споменува на пописот од 1981 година кога имало 12 жители, додека на пописот од 1991 имало 18 жители[2]. Денеска, населението на селото е само 1 жител според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia