Капсохор (Касандриско)
Каспохор или Капсохора (попознато како Певкохори; грчки: Πευκοχώρι; до 1955 г. Καψοχώρα, Капсохора[2]) — село во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Касандра на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.194 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во јужниот дел на полуостровот Касандра, еден од трите краци на поголемиот Халкидичкиот Полуостров, покрај брегот на Егејското Море, на надморска височина од 20 м. Сместено е околу 90 км југоисточно од градот Солун, поврзано со асфалтиран пат со околните приморски села.[3] ИсторијаАнтикаВо северозападниот дел на пристаништето, каде што закотвуваат чамците, се откриени остатоци од римска населба. На истото наоѓалиште се откриени монети со македонскиот офицер Лизимах. Во Отоманското ЦарствоСелото е најверојатно основано кон крајот на XVI век. Околната област била метох на манастирот Иврион на Света Гора, наречен Адер, од кој денес е останата само мелницата. За време на турското ропство, тоа, заедно со 12-те останати села на полуостровот, било дел од вакафот на Газанфер-ага.[4] Жителите на селото учествувале во Халкидичкото востание од 1821 г. Најпознати револуционери од селото биле Георгиос Јанаки, Антониос Јоану, Јоанис Коѕас и други.[5] Во XIX век Капсохор било грчко село во Касандриската каза на Солунскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Капсохор имало 280 жители Грци.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кажохор (Kajohor) имало 320 Грци.[7] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 328 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 365 лица.[3] Во 1965 година, името на селото било променето во Певкохори (Πευκοχώρι), во превод „борово село“.[2] Кон крајот на 1980-тите, туризмот во оваа населба се развил на повисок степен, поради што населението се зголемило од 640 жители во 1981, на 1.149 во 1991 г.[8] Денес, тоа е едно најпосетуваните места од македонските туристи на Халкидик, меѓу кои се Полихрон, Ханиоти, Фурка и други. СтопанствоНаселението традиционално се занимава со одгледувањето на маслинови дрвја и јужни овошја, како и со сточарството и рибарството.[3] Посебно внимание се посветува на туризмот, од што денес селото главно преживува.[3] Во него се изградени многу приватни викендици, хотели, кафулиња и ресторани. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 20 квадратни километри.[3] Општината Капсохор била приклучена во општината Палини во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Касандра. Селото припаѓа на општинската единица Палини со седиште во селото Ханиоти, која припаѓа на поголемата општина Касандра, во округот Халкидик. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Капсохор, во кој влегуваат и населбите Левкес и Панорама. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia