Институт за национална историја![]() Институт за национална историја (ИНИ) — државна научна установа основана со уредба на владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје. За прв директор е именуван Митко Зафировски, а денешен директор на Институтот е д-р Драги Ѓоргиев. ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност (последипломските и докторските студии). ИсторијатИнститутот за национална историја низ годините минал низ неколку фази. Првата фаза е четиригодишниот период од 1944 до 1948 година, која се одликува со силно влијание на југословенската и советската историографска школа.[1] Темелите на идејата за создавање на Институт за национална историја биле псотавени на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година.[1] Бил формиран специјализиран Историски отсек при Главниот штаб на Југословенската армија, за Македонија, со задача да прибира и да подредува архивска граѓа. Во почетокот на 1948 година, кога Институтот се наоѓал во фаза на организациско оформување, бил формиран Научен совет како претходница на Институтот.[1] Во напорите за прибирање изворни материјали и за формирање библиотечни фондови, најголем придонес имал еден од основоположниците на ИНИ, д-р Љубен Лапе, кој во 1946 година учествувал во преземање на библиотеката и архивата од Македонскиот научен институт во Софија, што е донесена во НР Македонија. Институтот како самостојна научна институција бил формиран со Уредба бр. 8556, која Владата на НРМ ја потпишала на 20 јули 1948 година. Првото име гласело: Научен институт за национална историја на македонскиот народ, со седиште во Скопје.[1] Во оваа фаза се пристапило кон конципирање на модерната македонска историографија. Во периодот од 1980-1990 година, започнал процесот на критичко превреднување на научните достигнувања на македонската историографија, и се појавил стремежот да се обработат некои „табу теми“ за кои Институтот во претходниот период воопшто не се произнесол.[1] Во 2008 година бил донесен нов Закон за научно-истражувачка работа, а две години подоцна, Институтот го прилагодил својот Статут со Законот. ОдделенијаНаучноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:
Од 1957 година Институтот издава научно списание „Гласник”. Директори на ИНИ
ПоврзаноНаводиЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia