Бунде (Германија)За други истоимени места, погледајте Бунде.
Бунде (германски: Bunde) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. ГеографијаМестоположбаОпштината Бунде се наоѓа во областа Рајдерланд, една од четирите историски области во округот Лер. Рајдерланд е единствена област на Источна Фризија, која се наоѓа лево од реката Емс. Окружниот град Лер се наоѓа околу 13 километри североисточно од главното место Бунде. Општината е единствена во Источна Фризија, која има заедничка земјена граница со Холандија. Холандското место Бад Ниувешанс се граничи со Бунде. На северозапад се наоѓа морскиот залив Доларт. Од најблискиот голем град во Холандија, Гронинген, Бунде се наоѓа 47 километри на запад. Најблизок германски голем град е Олденбург, оддалечен околу 64 километри на исток. Соседни општиниБунде се граничи со пет општини, кои се наоѓаат во две држави. На север се граничи со општината Јемгум, а на североисток со градот Венер. На југ се граничи Бунде со општината Реде во округот Емсланд. На југозапад се граничи со општината Вестерволде, а на запад со општината Олдамбт. Општински единициОпштината Бунде е составена од пет единици:
Особеност е единицата Долар, која се состои од повеќе села и до 1973 година била посебна општинска заедница. Историско место со име Доларт не постои. Во денешната единица Доларт влегуваат селата Бундерхамрих, Дицумерхамрих, Дицумерверлат, Хајницполдер, Каналполдер и Ландшафтсполдер. ТуризамРелативно оддалеченото место започнало да привлекува внимание кај туристите во 1980-тите години. Тие биле привлечени од недопрената природа на полдерите и старите ветерници, како и можностите за велосипедизам и кану, но и набљудување на птиците. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia