Лер (град)За други значења на поимот, погл. Лер.
Лер (германски: Leer; источнофризиски долносаксонски: Læær или Läär) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Леда,[2] притока на реката Емс, близу границата со Холандија. Со 34.958 жители (2021), тој е трет најголем град во Источна Фризија зад Емден и Аурих. Поради своето пристаниште, градот на Емс и Леда со векови бил обликуван од трговијата и поморството. Во него се наоѓа едно од најголемите германски бродоградилишта.[3] Лер важи и за најважен трговски град во Источна Фризија и самиот се именува како „Портата на Источна Фризија“. Стариот град се смета за „највреден“ во областа поради добрата зачуваност на историските куќи.[4] Од 2000 година градот станал универзитетски поради отворањето на Високата школа Емден/Лер. ГеографијаМестоположбаЛер се наоѓа во јужниот дел Источна Фризија на устието на Леда во Емс. Неговото градско јадро се наоѓа во непосредна близина на устието на реките; преку проширување на својата област и припојувањата градот се раширил во насока на Емс. Со припојувањето на градските единици Бингум и Нетелбург во 1972 година, градското подрачје се проширило западно од Емс и јужно од Леда. Во пристаништето може да допловат морски бродови преку Емс и Леда. Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Гронинген и Олденбург. Соседни општиниГрадот Лер се наоѓа средишно во копнената зона на истоимениот округ. Се граничи со седум од единаесет други општини во округот (почнувајќи од североисток, надесно): општинските заедници Хезел (со општините Холтланд и Бринкум) и Јиме (со општините Нортмор и Детерн), општините Раудерфен и Вестоверлединген, градот Венер, како и општините Јемгум и Мормерланд. Градски единици![]() Лер е поделен на градското јадро и осум други градски единици. Тоа се Бингум, Хајсфелде, Хоегасте, Лерорт, Лога, Логабирум, Нетелбург и Нитермор. Две градски единици се одвоени од остатокот на градското подрачје со реките: Нетелбург се наоѓа јужно од Леда во Оверледингерланд, Бингум западно од Емс во Рајдерланд. Покрај овие единици, има и други помали места. Покрај градското јадро, густо изградени се и градските единици Лерорт, Хајсфелде и делови на Лога. Другите единици се послабо изградени. КлимаКлимата во градот Лер е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.
Историја![]() Постојат многу траги од рани населби во областа, вклучувајќи алатки кои потекнуваат од околу 3200 година п.н.е.. Во 791 година, светецот Лудгер ја изградил првата капела во Источна Фризија на западниот раб на населбата Лер, тогаш уште именуван како Хлери (Hleri). Оваа капела првпат е спомената во пишан документ од 850 година. Во текот на XIV и XV век, Лер бил седиште на семејството Укена, кое било едно од највлијателните источнофризиските феудални семејства во тоа време. Градот користел од трговијата со Ханза и била изградена тврдината Лерорт. Во 1508 година, грофот Едзард добил официјално право да организира пазар, со што започнала традицијата на „Галимаркт“, кој денес се празнува како годишен панаѓур. Во 1744 година, Источна Фризија припаднала на Прусија, тогаш владеена од Фридрих Велики. Градските права ги добил во 1823 година[2] од Џорџ IV, крал на Хановер. Во 1854 година, Лер бил поврзан со железница, која во тоа време го поврзувала Емден и Рајне во областа Рур. Во 1856 година, линијата била поврзана со националната железничка мрежа. За разлика од Емден, Лер доживеал малку штета при сојузничкото бомбардирање во Втората светска војна. Градот бил окупиран од канадските трупи на 28 април 1945 година. ПолитикаГрадски совет![]() Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[7] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[8]
ГрадоначалникГрадоначалник на градот Лер е Клаус-Петер Хорст (независен).
Збратимени градовиЛер е збратимен со следниве градови: Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia